НА МОИ ГОДИНИ, Почетни песни, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

15. Опитен

Сум освоил неколку пештери
од влез до последна светлина
пред самоти гаснење.
И на секој што решил да оди
по мојата врвица меѓу бездни
му оставам моја смиреност
во моја душа
пред влез на секоја
за сам да ја освои.
Само му кажувам да запомни
дека треба да застане штом
ќе ја догледа светлината;
да се врати, да излезе од неа
зашто го предупредува
на смрт во самост по неа.
Тоа едновремено значи
нов почеток, пред нов влез
на нова пештера.
Може од оние што јас
сум ги освоил дури одев
по својата врвица,
до премаленост
и ништожност.
Најсетне му докажувам
најпрвин да запамети
за кога ќе се најде пред некоја
сè уште неосвоена,
сè уште неоткриена,
до него неосвоива:
да продолжи од една
до друга светлина во неа
додека не е една, а гледа две,
а гледа неколку што не се
пред самоти гаснење,
ами се или за излез од неа
и за влез во друга;
дека е далеку крајот
на неговото патешествие,
на неговото искачување
кон срцето на човечното
опстојување.

Leave the first comment