НА МОИ ГОДИНИ, Почетни песни, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

6. Време на живуркање

Секое будење
како пред конечно
заспивање,
секој чекор прв
како последен,
а секој воздив
сè уште долг,
а секој издив
сè уште длабок.

Заборавот, пак,
сè потешка грутка
за голи коски.

Уште само
живи зборови
коренити
кои сè уште
не му се предаваат
на ветар
преполн крици
собрани
од јадни, страдни
и скрвавени
над бездна.

Ќе има можеби
макар ден
по несон мразен
во мрачнина.

Leave the first comment