keopsova piramida кеопсова пирамида
Потребно време за читање: 2 минути

Еден француски архитект објави дека ја решил 4 ипол илјади години старата тајна на Кеопсовата пирамида: зданието е градено однатре спрема надвор.

Досегашните теории се темелеа на претпоставката дека гробницата на фараонот Кеопс, последното преживеано големо светско чудо на антиката, е градена со употреба на голема фронтална рампа или рампа во форма на одвртка околу надворешниот дел, а преку таа рампа работниците довезувале камен.

Меѓутоа, Jean-Pierre Houdin тврди дека со 3Д технологија докажал оти главната рампа, со која на врвот на пирамидата доаѓале големите камени блокови, всушност била 10-15 метри под надворешниот слој, што значи дека постоела пирамида внатре, во пирамидата.

„Оваа теорија е подобра од останатите оти единствено таа држи”, рекол Houdin откако ја објавил својата хипотеза на свечено претставување, со помош на компјутерска тридимензионална симулација.

За да го докаже своето тврдење, Houdin соработувал со француската компанија Dassault Systemes, која изработува 3Д модели на автомобили и авиони. На тој проект 2 години работеле 14-мина архитекти.

Прочитај и за ... >>  Бизарна препорака за здрав стомак: јадете живи жаби и глувци !

Сега се собира меѓународен тим на стручњаци кои, ако добијат одобрение од египетските власти, ќе ја испитаат пирамидата со помош на радари и камери кои реагираат на топлина, а кои ќе им ги даде една француска компанија за производство на оружје.

„Оваа теорија е спротивна на постојните. И самиот ги предавам веќе 20 години, но во длабочината на душата знам дека се погрешни”, изјавил египтологот Bob Brier.

„Визијата на Houdin е веродостојна, но засега е сепак само теорија. Сите мислат дека треба да се сфати сериозно”, вели Brier, виш истражувач на универзитетот во Long Island.

Египетскиот врховен совет за старини уште не ја коментирал новата теорија. Фирмата Dessault објави дека Brier и другите египтолози на свеченото претставување биле приврзаници на Houdin, но ниту со фирмата, ниту со Houdin не се финансиски поврзани.

Кеопсовата или Голема пирамида е изградена пред 4.500 години. Во моментот на градбата била висока 147 метри (денес 139 метри). Според постојните теории, ја граделе околу 100.000 луѓе полни 20 години.