МОНОЛОЗИ И ДИЈАЛОЗИ НА БЕСПРИМЕРНА НЕПОРОЧНА ЉУБОВ, поетски роман, 2

Потребно време за читање: 3 минути

2. Ведар дух

Монолог

Навалиле на мене бездарни духови да ми ја снеможат ведрината, та да ме ничкосаат наземи. Навалиле со сè што им се нашло при рака., а најмногу од нив со голи раце. Затоа што со неа секогаш и во секое време им ги поразувам злогласјата и зломислите, пакостите, подлостите, болештините, заразите, жалостите, јадовите и бесцелностите. Јас во светот жив и животворен познат како ведар дух, игрив, насмеан и распеан. О д пред некое време со пронајдена, осознаена, безмерно снажна, беспримерна непорочна љубов.

Навалиле и на неа бездарни духови да ѝ ја снеможат ведрината, та да ја ничкосаат наземи. Дека не можат долго пред нејзината убавина, ниту со неа, а да не се чувствуваат поразени, дури ништожни. Навалиле да ја снеможат зашто е таа токму во нејзината убавина. Што прават? Па, се обидуваат да ѝ ја одземат нежноста, а да ѝ изнаредат брчки на грубост, траги на болка, тага, несреќа, лузни на длабоки рани. Што да не може ни сама да се препознае себеси.

Од суштествено значење за мојот и нејзиниот сосе нашиот опстанок е прашањето: дали ќе успеат мојот ведар дух и нејзината ведрина во убавината да ги оковаат и да ги фрлат во мрачнината на заборавот.

Сè што знам засега и во што сум убеден е дека тоа најмногу зависи од нашата љубов.

Дијалог

Прв ведар дух:

-Јас сум со ведар дух. И ти си, нели?

Втор ведар дух:

-И јас штом сум со тебе.

Прв ведар дух:

-Два ведри духа ја бранат ведроста на животот до смрт.

Втор ведар дух:

-Убаво се искажа за нашите духови. Многу точно. Особено дека до смрт. Но, мислам дека не е важно дали до смрт или порано од неа. Суштествена е ведроста на животот. Најпрвин на мојот, твојот и нашиот, а потоа на сите во нашиот и со нашиот.

Втор ведар дух:

-Веќе се согласивме дека ведроста се докажува со игра и во игра. Без неа таа просто не може да заживее. Ниту да опстане, ниту да се брани.

Прв ведар дух:

-Која игра за нашите ведри духови и за нашата одбрана на ведроста на животот?

Втор ведар дух:

-Јас сум за која било што е без какви било правила. Тоа значи без почеток и крај, безгранична, значи без смисла и содржина, самоцелна, значи без за или против нешто,    безгрижна. А ти?

Прв ведар дух:

-И јас сум за…Ти го прифаќам изборот. Да ја почнеме.

Втор ведар дух:

-Најважни  се земјата и небото. Затоа што ја заигруваме на земјава, меѓу дрвјава, цвеќињава и во тревава, а ќе ја продолжиме на небо како птици во лет…Нема игра без ведро небо.

Заигруваат.

Дијалог: Ведри духови