Потребно време за читање: 3 минути

27. Обично

Монолог

За обични луѓе обичното е нужно како обично од необично. Не се ни обидуваат да заживеат во него како во и со сè друго, а дури им е лична одбрана од надворешна непријатност или од внатрешна вознемиреност. Кога не би било така, најпрвин не би се обидувале необичното да го прилагодат на себеси, а за да го прифатат како постојан дел од нивната обичност. Треба да се има на ум дека сите луѓе се обични, што значи такви какви што се, а се необични поготово во однесувањето пред ненадејно. Имено, ненадејноста е таа што им ја разнишува обичноста, па дури нас некој начин и им ја загрозува. Затоа што пред ненадејното обичното макар мигновено ја губи својата суштественост. Со други зборови,во човвекот се подјадува рамнотежата меѓу надворешниот и неговиот внатрешен свет, се менуваат навиците со нови; за што се потребни време, напор и упоритост. Повторливоста станува услов без кој не се може. Неизоставно се менува ритамот на какво било создавање и дејствување. Нов, може непознат, може незнаен, ту забрзан ту забавен, што секако директно или индиректно  влијае на психофизичката стабилност. Тоа влијание, пак, без исклучок доведува до стресна состојба која не може да се надмине сè додека не стане дел од обичноста. Ако на неа, како причина или последица од ненадејноста ѝ се додаде уште зачуденоста, ете болештина која скришно, неосетно, тајно навлегува меѓу живите клетки, најмногу меѓу мозочните и мускулните. Па најсетне не ненадејно, а обично да се случи смрт. Обично да се случи?! Се рзбира, ништо не се случува обично, но е обично кога се прифаќа како неминовно, кога како такво се прифаќа со поразителна рамнодушност.

Обично обични луѓе го претпочитаат обичното, притоа обидувајќи се со сите сили да ги избегнат необичното, зачудувачкото, ненадејното, возбудливото, вознемирувачкото, застрашувачкото и обесхрабрувачкото.Сè тоа и друго од тоа, па и пред тоа и потоа за зачувување пред сè на здравјето, спокојството, достоинството и хармоничниот живот.

Но, што е со обичното кај и меѓу необичните луѓе? Кое необично? Како кое?! Она што со што било и на кој било начин ги изделува, се гледаат себеси или ги гледаат други како посебни, издвоени од други, од неколцина, од мнозина, од толпа. Она необичносо  што се пред, обично предничат, предводат или се напред со мисла, дело или дејствие кое го придвижува светот, човечката цивилизација, сиот живот. Оние, пак, што се зад, кои обично се задоволуваат со просечното, стандардното; кои исчекуваат, се надеваат, се уверуваат себеси дека толку можеле, толку можат. Притоа, најмногу внимаваат на личното здравје и комодитетот. Таквите  обично ги сметаат за безначајни, предадени на минливоста, а самите обично се сметаат неизоставни, заслужни, целосно вградени во темелите на сегашноста; без кои иднината напросто не е возможна.

Обично обичните и необичните луѓе ги делат времиња и простори исполнети со дребнавости од една, и стојности од друга страна.         

Дијалог

Обично Сончева:

Прочитај и за ... >>  МОНОЛОЗИ И ДИЈАЛОЗИ НА БЕСПРИМЕРНА НЕПОРОЧНА ЉУБОВ, поетски роман, 30

-Може ли нешто необично да нè раздели нас? Обично може оние што се оддалечиле, а далечината им станува сè поголема. Дури не размислувајќи за неа, дури не чувствувајќи го тоа обично несвесно стануваат сè подалчни. Напросто се отуѓуваат меѓусебно. И за нив станува обично да му се препуштат на заборавот.  

Обично Сончев:

-Мислам дека тоа обично зависи од колку е тоа нешто необично. На пример, ќе ги раздели оние што мислеле дека се неразделни, а всушност малку биле или воопшто не биле блиски. Во таков случај необично е што обично не чувствувале колку не се еден за друг. И следи разделба обична за нив, а ненадејна за сите што не ги познаваат инаку, освен заедно.  

Обично Сончева:

-Мислиш дека ние сме имале и имаме нешто необично, а меѓу нас си нашло место во обично како обично за да не се препознае?

Обично Сончев:

-Сите се како нас-и обични и необични. Да, сме имале и имаме нешто необично како обично. Би рекол нешта, не нешто. Напросто не може моите скулптури и твоите досега откриени траги, артефакти и документи од блиското и далечното минато на нашиот исконски народ да бидат обични.

Прочитај и за ... >>  МОНОЛОЗИ И ДИЈАЛОЗИ НА БЕСПРИМЕРНА НЕПОРОЧНА ЉУБОВ, поетски роман, 11

Обично Сончева:

-Откога ја почна твојата нова скулптура од бел мермер опкружен со луѓе од црно ковано железо, сè повеќе те гледам понеобичен одошто обичен. Те наоѓам во ателјето пред неа како во занес. А необично ми е и тоа што досега работеше на повеќе дела едновремено. Не те знам обично целосно посветен само на едно.

Обичен Сончев:

-И мене ме замислуваш кога те наоѓам во некое археолошко наоѓалиште наведната над некој штотуку откопан епиграфски споменик-камен, теракота, коска. Необична, целосно концеентрирана. На пример, пред некој ден во Стибера, градот на вливот на Блато покрај Еригон, со штотуку откриена мермерна скулптура.  

Обична Сончева:

-Според мене, најважно од сè е да останеме обични и свои пред какви било необичности. Каква било не треба да го нарушува нашиот заеднички  обичен животен тек.