Стоунхенџ Stonehenge
Потребно време за читање: 3 минути

Стоунхенџ (англ. Stonehenge) е градба од неолитот и бронзеното доба (3000 – 1000. пр.н.е.), всушност круг од камења во англиската грофовија Вилтшир, отприлика 13 километри северно од Солсбери. Нема единствена структура, туку серија на структури кои се менувани и повторно градени за период од 1500 години.

Едни познавачи сметаат дека имал улога во паганските ритуали од тоа време, други дека станува збор за храм на Сонцето односно за древно лечилиште, а трети дека е изграден во астрономски цели.

Невозможно е да го изградиле Римјаните или Келтите, зашто тогаш тие не биле во Англија, па се претпоставува дека го изградиле непознати народи кои најверојатно не знаеле ниту да пишуваат, ниту да читааат.

Камењата на Стоунхенџ

Интересно е дека камењата на Стоунхенџ се донесени од 200 километри оддалечените ридови Пресцели во Велс, а се тешки по 4,5 тони, Кругот е направен совршено според геометриски и астрономски мерки: користена е мерната единица мегалитски јард (2,72 стапки), а сите кругови се темелат на внатрешната геометрија на правоаголен тријаголник, што дури стотина години подоцна го открил грчкиот математичар Питагора.

Прочитај и за ... >>  Феничаните

Градителите на Стоунхенџ ја познавале астрономијата, зашто со помош на врежани влдабнатини на камењата можеле да ги следат зимската и летната рамнодневица и движењето на ѕвездите.

А на прашањето зошто е изграден Стоунхенџ, најновите сознанија даваат сосема поинакви одговори од досега познатите. Имено, древните легенди за боговите на грмотевицата денес можат да се објаснат со модерната наука за звучните бранови и токму тие послужиле како инспирација за оваа градба, тврди еден американски научник.

Стивен Валер, кој веќе 20 години ја проучува пештерската уметност и посебно се интересира за звукот на древните места, смета дека ефектите на звучните бранови пред 5000 години биле толку мистериозни што го поттикнале подигнувањето на оваа градба.

Акустични пречки

Феноменот познат како акустични пречки се случува кога два извора на звук – на пример гајди – свират иста нота во исто време од различни точки. Додека слушателот минува, звучните бранови намсто да се обединуваат за звукот да го прават посилен, всушност се „одбиваат“ еден од друг и создаваат заглушувачки ефект.

Прочитај и за ... >>  Спалната соба - функција и убавина

„Слушате звук кој варира помеѓу гласно и тивко“, изјави Валер на конференција на Американското здружение за напредок на науката во Ванкувер. „Тоа би било мошне мистериозен феномен, сосема необјаснив. Би помислиле дека двајца гајдаџии кои свират би направиле звук посилен од еден, но додека шетате звукот модулира и на некои места воопшто не се слуша. Тоа дејствува како масивни, невидливи предмети да го блокираат звукот, а тоа ме потсети на структурата на Стоунхенџ“.

Оваа идеја ја поддржуваат и легендите, како приказната за двајца гајдации-волшебници кои натерале девици да играат во круг и потоа ги претвориле во камен, објаснува Валер.

Бидејќи е научник, легендата не била доволна за го задоволи неговото љубопитство, па смислил експеримент со кој ја тестирал својата теорија. Тој им ги врзал очите на луѓе за да ја искусат истата звучна илузија како гајдаџиите во неговото сценарио.

Звукот на Stonehenge

„Ги прашав што има помеѓу нив и звукот. Тие насликаа слика која е прилично слична на Стоунхенџ. Мислеа дека масивни предмети го блокираат звукот, а всушност само дошло до негово исчезнување“.

Прочитај и за ... >>  Кодот на Пелазгите

Тестирајќи го Стоунхенџ, Валер исто така открил дека кога изворот на звук ќе се стави во самиот центар на кругот и потоа ќе шета околу него се слуша иста модулација на звукот. Тој е убеден дека илузијата била инспирација за камениот круг.

„Резултат на звучна илузија и идеја дека камења што не гледаат, но слушаат го блокираат звукот е причина за изградбата на Стоунхенџ. Со тоа она што верувале дека постои е конкретизирано“.

Валер го повика современото општество да го сочува акустичното минато на нашите претци и да го запре ширењето на древните пештери поради полесен пристап на туристите.

„Никој веќе не обрнува внимание на звукот. Ние ги уништуваме звуците. Древните народи не знаеле за постоењето на звучни бранови. За нив тоа била магија. Поради тоа мораме да ги сочуваме и изучиме звучните простори на археолошките места“, смета тој.