Мигрената се лечи без лекови

Потребно време за читање: 2 минути

Познато е дека постојат бројни лекови за ублажување на упорната и мошне болна мигрена. Но исто така е утврдено дека ниеден од нив не лечи, туку само ги ублажува симптомите.

Стручна препорака: обидете се со менување на начинот на животот и исхраната да влијаете болките да бидат што помалку и помалку болни.

Мошне конкретно и прецизно дефинирано од многумина учени:

Избегнувајте „активатори“

-Обидете се со пишување на дневник неколку недели да видите дали постои образец. Обично навиките како пушење (никотинот ги стеснува крвните садови во мозокот), напорни и чести вежби, стрес, промени во ритамот на спиењето, болки во главата и вратот и проблеми со забите можат да бидат причина за мигрена;

Следете го нивото на шеќерот во крвта

-Ниското ниво на шеќер во крвта или негов брз пад можат да бидат причина за мигрена. Глукозата се испушта во крвотокот и со тоа расте крвниот притисок. Јадете на секои 4 часа и никако немојте преку ноќ да бидете 12 часа без храна. Избирајте храна со низок глукозен индекс, овошје и зеленчук, немасни јогурти и сирења. Избегнувајте храна како бел леб, тестенини, слатки пијалоци и слатки зашто имаат исклучително висок глукозен индекс;

Водете сметка за внесот на кофеин

-Премногу кофеин може да ги стесни крвните садови околу мозокот толку за да ја предизвикаат мигрената. Повеќе од 300 мг кофеин дневно (3 шолји мелено кафе или 5 шолји инстант кафе) мошне лесно може да предизвикаат проблем. Пробајте да ги намалите или пробајте кафе без кофеин. Чоколадото исто така содржи доста кофеин;

Вардете се од додатоци на исхраната

-Голем број на лица кои патат од мигрена се жалат и на преголема чувствителност на додатоци на исхраната, како што се моносодиум глутамат ( го има во сушениот домат, пармезанот и конзервираното месо), аспартам (се наоѓа во вештачките засладувачи), тартразин (жолта боја со која се бојосуваат газирани напитоци и марципан), сулфити (ги има во виното) и содиум бензоат (го има во маргаринот, соковите, слатките и ракчињата);

Џвакајте ѓумбир

-Суровиот корен на ѓумбирот може да ги олесни тегобите и проблемите со варењето кои можат да ја предизвикаат мигрената. Тој ги блокира простагландините, супстанции кои доведуваат до воспаление на крвните садови во мозокот, исто така предизвикувачи на мигрена;

Зголемете го нивото на серотонинот

-Ниските нивоа на серотонин се честа појава кај лица кои патат од мигрена. Јадете високопротеинска храна, како што е пилешко, месо од мисирка, јајца, млечни производи, банани, грав, семенки, урма, овес, житарици и ориз за да го подигнете неговото ниво;

Пијте вода

-Дехидратацијата е најпознатиот предизвикувач на мигрена. Ткивата кои се наоѓаат околу мозокот се главно исткаени од вода. Кога таа ќе се изгуби, се опуштаат, настанува иритација и болка. Помеѓу 1 и 2 литра вода дневно би требало да ви го намали количеството на болка при напад на мигрена, но и да ја направи се поретка;

Земете додатоци

„5HTP“ додатокот кој се користи за подигнување на нивото на серотонин помага кај телесната слабост на напади на мигрена. Koenzim Q10 и „Butterbur“, состојка на растението репух, исто така ја спречуваат мигрената;

Јадете храна богата со магнезиум

-Премалку магнезиум го намалува додатокот на крвта во мозокот и доведува до ниско ниво на шеќер во крвта, а обете состојби се поврзани со мигрената. Свежо зелениот зеленчук, компир пирето, лешниците, семенките, житариците, гравот, грашокот, доматите, овесот и квасецот содржат доста магнезиум;

Пробајте јога

-Јогата донесува мир, го отстранува стресот и помага кај болки и тегоби, а одредени положби во јогата ја отстрануваат напнатоста во вратот и во рамениците.

Leave the first comment