Потребно време за читање: < 1 минута

82. Како

Вака веќе не во сон
ист од почеток докрај
пред планина која
штотуку не распукала
наполу
и не се струполила
врз празни куќи
и пеплосани огништа.

83. Млади луѓе

Се собрале млади луѓе
да му испеат последна
песна за живот на старец
пред смртен час,
а тој не разбира зошто
им е песната таговна.

84. Болештина

Направија болештина
и ја раширија низ светот,
та сега болештини
се обидуваат да сокријат
од гладни, мразни,
жедни и суви луѓе;
од кои никој
бел ден не виѓава.