Потребно време за читање: < 1 минута

37. Конкретно

Се случува сон во сон
дека будност преуморна
до брег на река која
никогаш не го менува
својот тек;
сè додека не стане бран
меѓу две големи карпи
одвоени од негова снага
како вековита планина.

38. Потсмешлива игра

Игра марионета своја игра
меѓу луѓе кои долго време
играат своја игра во време
со неизвеснот и надеж
на опстанок безвременска.

39. Владејач

Стои цврсто на ветар
кој се раздувал
од незнаен правец,
но не е сигурен
дека ќе издржи и на ветер
кој секако ќе се раздува
допрва.

Зашто одамна нема спокој
за до нова цел.