67.Кора
На кора врбова
врежав моја сенка
за да памети
дека сум починувал
некогаш по преумора
од пустошно невреме
во негова сенка.
68. Пред будење
Сè оддалечуваш од мене,
со бавен чекор исчезнуваш
спокојна
во мој последен сон,
пред самоти будење.
Ние одамна
не сме биле заедно
во ниедно доба
на ноќва самотна,
молчалива и немоќна.
69. Смислувам
Фатив да зборам
зборови без смисол,
всушност говор на дете
заодено.
И се радувам како дете
дека сал од мене зависи
нивното значење,
всушност говор кој
со игра ќе го заживеам.