Потребно време за читање: 2 минути

Постојат настани во сите сфери на животот кои го продолжуваат своето време, не се временски ограничени односно нема никакво значење датумот на нивното случување.

Тоа еднакво се однесува и на значајни, познати личности вбо минатото и денес, и на оние од „високите кругови“, од „недопирливите“-во политиката, бизнисот, џет сетот.

Дали се знае точно колку жени имал Тито?

Познато е дека службено (досега) се признати четири жени на доживотниот претседател на веќе непостоечката СФРЈ, Јосип Броз Тито.

Прва му била Русинката Пелагија Белоусова, која имала само 15 години кога ја оженил. Тој тогаш бил во Русија во заробеништво. Се венчале и го добиле синот Жарко. Се преселиле во Хрватска, но таа по некое време се вратила во Русија и се премажила. Се разделиле, но таа поради него паднала во немилост, па дури била испратена и на принудна работа.

Перо Симиќ, автор на првата биографија на Тито, тврди дека во април 1936. година во Москва Тито го раскинал бракот со Пелагија, а по половина година се оженил за Германка која се викала Јохана Ана Кениг, родена во германскиот град Хемниц. Таа била мажена за висок германски функционер, но по доаѓањето на Хитлер на власт бил уапсен и осуден на 15 години затвор. Интернационалната организација Црвена помош организирала заминување на неговата сопруга во Москва, каде што го добила псевдонимот Луција Бауер. Таа работела во московска фабрика за радиоапарати, а со Тито се венчала (земајќи го неговото лажно презиме Валтер) во хотелот Лукс, каде што живееле функционерите на Коминтерната.

Прочитај и за ... >>  За Амишите

За Јованка се знае многу, можеби сѐ (како проживеа со него, па без него; почина во сиромаштија во октомври 2013. на 89 години), но малку кој знае за Херта (1914-2010). Заедничко на двете дами е што ниту едната, ниту другата не сакаа да зброуваат за јавноста.

Оние што имале можност да разговараат со Херта Хас тврдат дека таа има брилјантна меморија, се сеќавала на сѐ, до смртта гледала добро, резонирала и анализирала.

Кога имала 91 година, Херта Хас го отворила своето срце за потребите на филм на Лордан Зафрановиќ. Опишала како изгледала нејзината 6-годишна романса со Тито и зошто секогаш за најубави моменти во својот живот ги сметала оние што ги минала во Париз со него.

На режисерот Херта за себе и за Тито му зборувала 14 часа, 2 пати по 7 часа во 2 дена. Виталната старица, која до смртта живеела во Белград со ќерките, рекла дека на Тито ништо не му забележува и смета оти ги разделила војната.

Прочитај и за ... >>  Четири договори

Со вториот починат сопруг има 2 ќерки, Сека и Муцика, а со Тито синот Миша, чија последна должност била амбасадора во Индонезија, од 2004. до 2009. година.

За Херта Хас долго не се знаело ништо. Работела како стручњак во Сојузниот извршен совет и доста патувала.

Јосип Броз Тито во животот имал и многу љубовници, од кои се познати четири.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here