Потребно време за читање: < 1 минута

Ведрината не е само изразен облик на карактерот, туку и вредност која животот го крева на многу повисоко ниво, секојдневјето го облагородува со задоволство и препознавање.

Ведрината е секогаш подготвена да ѝ се спротивстави на грижата, стравот, за да го одбрани достоинството на живеењето.

Достоевски го нагласува човековото смеење (една од „изразните форми“ на ведрината) како важен извор на препознавање на човекот, на запознавање со неговиот карактер, многу посигурен од долготрајните психолошки истражувања.

Алфред Адлер, прочуениот психоаналитичар, кој го забележал исказот на Достоевски, нагласува:

„Има луѓе кои воопшто не се способни за смеење и се толку далеку од подлабокиот однос помеѓу човек и човек што безмалку сосема им недостасува наклонетоста да создаваат радост и да внесуваат ведро расположение“.

Со ведрината да се чекори во животот-тоа е суштината на секојдневното раѓање од несвесното, на себепотврдувањето во секојдевниот ангажман.

 

Претходен написНајдолговечност
Следен написХадријан-модерен политичар и државник

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here