Потребно време за читање: 3 минути

Имаат ли и луѓето шесто сетило, не само животните? Научно потврдено: имаат!

Станува збор за своевидна телепатска врска помеѓу блиски лица. Се смета дека овој феномен е поврзан со нервните системи кои поради блискоста се усогласени и функционираат синхронизирано, па мошне добро си ги читаат мислите едни на други и ги препознаваат емоциите.

Луѓе кои се разбираат добро меѓусебно се поврзуваат. Познавањето е резултат на процес на запознавање во текот на кој тие разговарале и откриле какво значење имаат одредени невербални сигнали кои си ги упатуваат еден на друг. Значи, невербалното разбирање е производ на долгогодишен заеднички живот и блискост.

Таму кај што постои силна љубов и телепатијата е силна! Научниците го објаснуваат овој феномен и низ односот помеѓу мајката и детето. Детето кое не овладеало со говор не е ни способно вербално да комуницира и да ги искажува своите потреби, барања или внатрешна состојба. Мајката тогаш инстинктивно реагира и со помош на интуицијата ги „чита“ мислите на детето и ги дефинира сите сигнали кои тоа ги упатува низ гримасите, бојата на гласот, начинот на плачење, положбата на телото итн.

Телепатијата е изразена и кај сродниците, помеѓу браќа и сестри, а особено кај близнаци. Пример на близначка телепатија кој е забележан во научен експеримент: едниот од близнаците е запишан на часови по гитара, додека другиот во исто време игра фудбал. По неколку месеци забележале дека момчето кое играло фудбал исто така можело успешно да свири гитара, а притоа не посетувало часови. Истражувањата покажале дека близнаците во времето на тие активности биле во ограничен контакт.

Прочитај и за ... >>  Која е вашата цел во животот?

„Кога ќе дојде до алфа состојба, едни на други можеме да си ги „читаме“ мозокот и телото во некоја подлабока смисла која е тешко да се опише. Тоа е она што би можеле да го наречеме шесто сетило“, појаснува Д-р Триша Стратфорд од Универзитетот во Сиднеј.

Едно истражување покажало дека навистина може да се смета на едно шесто сетило, а што може дури да се изостри.

Научниците од Медицинската школа на Универзитетот Масачусетс преместиле протеин од човечка мрежница во овошни мушички, по што мушичките добиле спсобност да почувствуваат магнетни полиња. Тие веруваат дека ова откритие би можело да го објасни поимот на шестото сетило кое често им се припишува на животните и им помага при миграции, и оти овој протеин е можеби значаен и за човечката способност да детектира магнетни полиња, иако се уше не се знае дали луѓето го прават тоа.

Имајќи предвид неки поранешни истражувања, се смета дека способноста на животните да детектираат магнетни полиња е втемелена врз протеините криптокроми што ги има во човечката мрежница.

Прочитај и за ... >>  Господар на морето - суперјахта „Soverign“

Поранешните истражувања сугерирале дека луѓето не можат како животните да чувствуваат магнетни полиња, но сега има докази кои говорат во прилог на тоа дека геомагнетизмот влијае врз нашите очи.

А виенскиот психолог Јулија Умек има „рецепт“ како да ги изостриме сетилата, да го „намирисаме“ надсетилното, да „видиме“ знаци и да го „слушаме“ внатрешниот глас.

Реализирани се повеќе интересни истражувања кои укажуваат на уште еден орган на сетило кој може да се докаже анатомски, тн. вомероназален орган кој овозможува регистрација на феромон. Со овој орган може да „намирисаме“ каде можеме да очекуваме спокој или каде нашиот внатрешен чувар мора да се активира, но и кој сексуално ни одговара, кој е подобен со него да направиме потомци.

Веројато секој од нас има скриени способности за надсетилна перцепција, чувствуваме дали е некој тажен или имаме тн. доживувања дежа- ву итн.

Еве вкупно 5 совети на Ј. Умек како да го изострите шестото сетило:

Тренирајте ги вашите сетила
Кога ќе отидете во музеј, посматрајте слика од ваша перспектива: пријдете поблиску, па оддалечете се, што изразува сликата, што сликарот можеби чувствувал, која порака сликата би можела да ја има за вас, кои звуци можете да ги слушнете во таа сала, како мириса, како мирисало таму кај што е работена сликата, какво чувство би имала сликата, дали би можеле да ја допрете. Ќе бидете изненадени кои се нови впечатоци ќе стекнете.

Прочитај и за ... >>  Глупирање на вљубените

Анализирајте ја одлуката
Испитајте некоја одлука што сте ја донеле во минатото според сите критериуми кои ве довеле до таа одлука. Анализирајте колку од несвесното влијаело врз вашата одлука, што била причината. Ќе откриете низа мисли кои влијаеле врз вас, значи претчувствата што ве воделе.

Обрнете внимание на вашиот избор на зборови
Кои метафори избирате за нешто да објасните? Дешифрирајте го вашиот вокабулар, нека ви биде тоа секојдневна навика, на пример како завршен ритуал на денот. Така ќе научите да го слушате вашиот внатрешен глас односно расположението.

Дали добро ги користите вашите способности?
Размислете што би можеле одново да внесете во вашиот живот? Дали постои некој спорт кој би го научиле или дали одамна „сонувате“ за тоа да го искористите вашиот талент за пеење итн.? Можеби вашиот внатрешен глас ќе рече „Па стори го тоа…“. Бернард Шо рекол: „Не верувам во случајност. Луѓето кои напредуваат се луѓе кои стануваат и бараат случајност која им е потребна“.

Искористете ги приликите, одете со отворени очи низ животот!

Вежбајте да го толкувате внатрешниот глас
Секогаш е правилно да се биде општествено компетентен. Во тоа спаѓаат давање на поддршка, помош, великодушност и простување. Така ќе научите да го водите вашето шесто сетило.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here