Потребно време за читање: 2 минути

Кои се Ретороманците? Колку се знае за нив?

Станува збор за заеднички назив на припадници на три неоромански народи односно етнолингвистички групи раселени во југоисточна Швајцарија и североисточна Италија, а кои говорат со реторомански идиоми или јазици. Во потесна смисла, Ретороманци се и Руманчите (Романши) во швајцарскиот кантон Граубинден, Ладините во подрачјето на Доломитите, во италијанската покраина Трентина-Алт-Адиџе (повеќето во Вал Гарден, Вал Бадија и Вал ди Фаси) и во Венето (покраина Белуно), како и Фурланите (Фриули) населени во италијанската покраина Фриули-Венеција Ѓулија, на подрачјето на реката Пијава на запад, до словенечката граница на исток и австриската граница на север.

Се смета дека Ретороманците се потомци на древното алпско население Келти кои се мешале со Германите (Алеманите) и биле романизирани во 2. в.пр.н.е. и 1. в.пр.н.е.

Ретороманскиот јазик е дел од групата романски јазици, од индоевропското јазично семејство. Тој е потомок на народниот латински јазик што се зборувал во Швајцарија во времето на Римското Царство. Сроден е со францускиот, окситанскиот и ломбардскиот јазик, но и со другите романски јазици.

Прочитај и за ... >>  10 мистерии на еволуцијата на човекот

Ретороманскиот е еден од четирите службени јазици во Швајцарија (останатите: германски, француски и италијански). Според пописот од 2000-та година, како главно средство за комуникација го користеле околу 35.000, а од нив 27.000 живеат во Граубиден; како разговорен околу 62.000. Од вкупното население во Швајцарија овој јазик го зборуваат 0.9%.

Реторомансиот е со латинично писмо и има претежно фонетски правопис.

Швајцарската Конфедерација или Швајцарија е сојузна држава во централна Европа. Таа е алпска земја, на просечна надморска висина од 500-800 метри. Поделена е на 12 сојузни кантони и 6 полукантони, а според податоци од 2009. година во неа живеат близу 8.000.000 жители.

Кантоните се различни според големината, варираат од 37 до 7.105 км², односно од 14.900 до 1.244.400 жители.

Секој кантон има сопствен устав, собрание, влада и судови поради што Швајцарија се смета за една од најдецентрализираните земји на светот. Тие сами го одредуваат степенот на автономија на своите општини.

Историски, секој кантон бил независна држава со сопствени граници, војска и валута сѐ до воспоставувањето на сегашната федерална струкутура во 1848. година.

Прочитај и за ... >>  Суштинско прашање-важно знаење: Како настанало писмото?

Во 17 кантони службен јазик е германскиот, во 3 германскиот и францускиот, во 1 германскиот, ретороманскиот и италијанскиот, во 1 италијанскиот, а во 4 францускиот јазик.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here