Потребно време за читање: 4 минути

Во просторот и времето е постоењето на сѐ, но и потврдата на опстојот и континуитетот. Тие не можат да се оспоруваат, да се негираат или сомничат. Особено во историска перспектива.

Античка Македонија постоела во утврдени и познати простори, а недоброј извори и наоди ги потврдуваат времињата чии корени и продолженија со секакви премрежија не можат да се разделат, да се изолираат од сушноста на еден народ, на една нација, на човековата цивилизација воопшто.

Основни сознанија:

Античка Македонија била кралство кое ја опфаќало територија на денешна Република Македонија и Беломорска или Егејска Македонија, потоасеверниот дел на денешна Грција. На запад тоа се граничело со Илирија, на југозапад со кралството Епир, на север на почетокот се граничело со Трибалите, а подоцна со Дарданија, а на исток со Тракија. Најмоќно на светот станало кога Александар Македонски го освоил речиси целиот познат свет во тоа време.

Првиот крал за кого има пишани извори е Пердика I. Во времето на кралот Александар I македонската територија се раширила во земјите населени со тракиски племиња- Еордаја, Ботиаја, Пиерија, Мигдонија и Алмопија. Близу до денешниот град Воден, Пердика I (или поверојатно неговиот син Аргеј I) ја изградил првата престолнина Ајга (Кутлеш).

По краток период на персиска власт, под водство на кралот Дариј I, Кралството Македонијапод водство на кралот Александар I (495–450 п.н.е. п.н.е.) пак станало независно, а пред IV век п.н.е. покривало територија по големина еднаква на денешната област Македонија во Грција. Аминта III (околу 393–370 п.н.е.) за прв пат ја централизирал власта во Македонија, целата територија се врзувала за кралот со семејни врски. Родовските заедници ги контролирале приодите низ кои поминувале илирските војски во напад врз Македонија северно и северозападно.

Прочитај и за ... >>  Иконите на минимализмот на Арне Јакобсен

Аминта имал три сина. Александар II и Пердика III владееле само кратко, а премладиот син на Пердика III бил заменет со третиот син на Аминта, Филип II Македонски. Тој се прогласил за крал и подоцна ја завладеал и Атина.За време на неговото кралување (359–336 п.н.е.) Македонија се проширила на територијата на Пајонците, Тракијците и Илирите.

Синот на Филип, Александар Македонски (336–323 п.н.е.) за релативно краток период успеал да ја наметне македонската власт не само врз Атина, туку и врз Персиското царство, вклучувајќи ги и Египет, блискиот, средниот исток и Индија. Александар ги прифатил политичките системи на освоените земји. Иако царството се распаднало кратко по неговата смрт, неговите освојувања оставиле траен печат во времетраењето.

И покрај распадот на царството во помали кралства, раководени од генералите на Александар, Mакедонија ги предизвикувала освојувачките претензии на соседите. За кратко време била владеена од страна на Деметриј I Опсадникот (294–288 п.н.е.), а потоа започнала граѓанска војна. Антипатар и неговиот син Касандар ја зазеле власта, но ја изгубиле по смртта на Касандар во 297 п.н.е.

Синот на Деметриј I Опсадникот, Антигон II (277–239 п.н.е.),е забележан како успешен и мудар крал, но за него е врзана и една трајна пресвртница: го вратил мирот и просперитетот, ја одбранил Македонија од галициската инвазија, воспоставил стабилна монархија и нова династија Антигониди, а изгубил контрола врз многу грчки полиси. Тој сепак. Неговиот наследник Антигон II (239–221 п.н.е.), пак, ја проширил власта на Македонија ширум регионот.

Прочитај и за ... >>  Jапонски јазик

Под водство на кралот Филип V (221–179 п.н.е.) и неговиот син Персеј (179–168 п.н.е.) Македонија се соочила со експанзионизмот на Римската република. За време на II век п.н.е. и I век п.н.е. била во неколку војни со Рим, што резултирало со тежок пораз, отстранувањето на Антигонидите и распадот на кралството. Андриск успеал накратко да ја врати монархијата во 149 п.н.е., но бил поразен следната година и Македонија потпаднала под директна римска власт како Римска провинција Македонија.

Неспорна и со факти и аргументи потврдена е политичката огранизација на македонското краство. Таа можеда се проучиод епиграфијата со која се читаат разни извори, како Тит Ливиј и Полибиј.

Станува збор за пирамидална организација,на три нивоа: на врвот биле кралот и народот, при основата државните служби, а на средината покраините.

Кралот бил глава на централната администрација. Го водел кралството од престолнината Пела, а државната ризница се наоѓала во неговиот дворец. Бил помаган од страна на Кралскиот секретар, како и од страна на Советот. Бил врховен водач на војската, глава на македонската религија, управувал со дипломатијата (само тој можел да склучува меѓународни договори) и само тој го имал правото на издавање на пари.

Бројот на државните службеници бил ограничен. Кралот управувал на индиректен начин, главно преку локалните управители- епистатите со кои одржувал редовни контакти.

Прочитај и за ... >>  Ретороманци

Наследништвото на тронот во Македонија заземало облик на најстари машки наследници. Исто така постоел и изборен елемент: кога кралот умирал, назначениот престолонаследник, генерално, но не секогаш неговиот најстар син, морал најпрвин да биде прифатен од страна на Советот и потоа претставен пред Генералното собрание за да биде прогласен за крал и да се заколне на верност. Во практиката кралевите често умирале предвреме, во борбите за власт, пред да успеат да назначат наследници. Ова е случај со Пердика III, кој бил убиен од Илирите, потоа со Филип II Македонски, кој бил убиен од атентаторот Павзаниј, Александар Македонски кој ненадејно умрел од болест итн. Кризите за наследноста биле чести до IV век п.н.е., кога магнатите од Горна Македонија се уште култивирале амбиции за елиминација на Аргеадите и преземање на тронот.

Кралот бил заштитник и администратор на македонската ризница и кралските приходи кои му припаѓале на македонскиот народ: даноците од освоените народи исто така оделе за македонскиот народ, а не за кралот. Дури ако кралот не бил одговорен за дадени финансии, тој се чувствувал морално одговорен да интервенира. На пример, Аријан кажува дека при бунтот на војската на Александар кај Опис во 324 п.н.е. тој морал да ги прикаже сметките од неговото наследство по смртта на неговиот татко, а за да покаже дека нема направено никаква финансиска злоупотреба.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here