Потребно време за читање: < 1 минута

106. Џагорење

Не се разбираат меѓусебно ни зборови ни говори.

107. Рида нечујно

Стои загледан во мраморна стена и рида нечујно.

108. Бегач

Еден бегач конечно нема каде да бега.

109. Нафрлувачи

Се нафрлиле на туѓо ко да е сега или никогаш.

110. Од спомен

Една љубов од спомен молчешкум во заборав.