ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 418-457

Потребно време за читање: 2 минути

418. Што е со тебе, македонски народе!? Велепредавници те владеат и те ништат, бие твојот последен час, а ти ко нем, глув и ослепен!

419. Што правиш со соседи кои те мразат оти постоиш од искони на свое парче земја? Се браниш секако и со сè што имаш на располагање.

420. На очиглед на светот:
Геноцид и окупаторско-асимилаторски (наци-фашистички) аспирации на Бугарија, САД и ЕУ спрема Македонија!

421. Г-ѓо американска амбасадорке Агелер,
Македонскиот народ не разбира зошто тој (и) според Вас мора да донесе „тешка одлука“-да ги внесе Бугарите во Уставот. Ќе му објасните зошто е тешка?

422. Тешко нам на крстопат без нов пат.

423. Зошто те прашувам кога знам дека не знаеш да ми одговориш? За да ме прашаш и да научиш.

424. Заедно сме посилни ако сме силни.

425. Умните што подалеку од будали кои владеат со будали.

426. Вреди создадено за добро на други.

427. Кога на злосторнички здруженија како партии ќе им се даде власта в раце-само зла и злосторства врз народот и државата.

428. Големо диво месо мора час поскоро да се отсече од сè уште живото тело на Македонија!

429. Уште колку време ќе преживуваме јадосани?!

430. Потврдено, се потврдува:
Во современата македонска книжевност јас како писател не сум постоел, ниту постојам.

431. А бре, не сте ми ни до глуждот! Ма не ве ни третирам! Јас сум на свој врв!

432. Мој проблем е што сум те сакал и те сакам?! Добро, нека е!

433. Јас единствен на светот! И жив и мртов.

434. Не ми треба партија зашто не ми треба власт!

435. Тонеме? Не! Потонати сме. Само уште да нè удават!

436. Како живуркам како стар бел дедо? Како било како мислител и творец.

437. Да добиеш признание за дело од ситни души и бездарници, кои цел живот го негираат, маргинализираат и омаловажуваат?! Идиотизам!

438. Предавничко-мафијашки властодршци, лигуши и туѓински измеќари-политикантски измет!

439. Ѓаволот-убиец на човекот во човек се вика Профит.

440. Обзнана:
Антимакедонската партија СДС е мртва. Погребот ќе се изврши тајно, за да не се случи сенародно славје.

441. Знаат што прават, па прават за многу пари.

442. Патот твој докрај е трнлив, ама мораш да го изодиш. Зашто го избра сам.

443. Не сакам никој по мене, но и не дозволувам никој да биде пред мене.

444. Во наше секако дел од мене.

445. Единствено е важно дека постојам едновремено со и во мое дело.

446. И земјата и небото како да навестуваат дека ни се ближи крајот. Мојот и на моите години.

447. Нема каде да бегаш од себеси.

448. Заминувам, а тебе те нема.

449. Реална сегашност со неизвесна иднина наспроти личен оптимизам. Неизвесна?!

450. Човек во години не знае само уште што од него и до каде тој.

451. Бидува со тебе зашто докажа дека те бидува.

452. Неминовно пропаѓа свет со меѓи меѓу световите во него.

453. Ем слеп при очи ем гледа низ розови очила.

454. Не ти вреди што му кажуваш сè в лице на човек со маска на лице.

455. На будни и свесни опстанокот им зависи најмногу од одбраната на самобитноста.

456. Не преживува љубов во молк.

457. Несомнено, САД и ЕУ во уништувањето на Македонија и македонскиот народ играат руски рулет со наци-фашизмот.