12. Грешка
Македонски народни пословици
Друг праи грешката, друг трга џезата.
Една грешка-вечна мака.
Којто се црви во лицето, грешката е у него.
При грешка и прошка.
Таткото и мајката многу грешки му праштаат на челадта.
Пословици од народите на светот
Кога си сам, мисли за своите грешки; кога си во друштво, заборави ги туѓите. (Кинеска)
Умните луѓе учат на туѓи грешки; будалите на сопствени. (Еврејска)
Да се греши е човечки, да се простува е божествено. (Индиска)
Да се греши спрема Бога не е добро, но да се греши спрема човек е полошо. (Суфистичка пословица; суфизмот е гранка на исламскиот езотеризам и иницијатиката, со самосвојни обележја.)
Латински изреки
Секој човек може да згреши. (Cuiusvis hominis est errare.)
Човечки е да се греши. (Errare humanum est.)
Двапати греши оној што порекнува вина.
Рекле, издумале
Не треба да се осудуваат грешките, туку грешката во која тие грешки се вкотвиле.
Фредерик Форсајт
Грешките на другите ни се секогаш забавни.
Андре Жид
Колку сум среќен! Секогаш кога грешам можам да бидам сигурен дека тоа луѓето ќе го забележат.
Конфучиј
Човек кој ќе направи една грешка и нема да ја поправи, прави друга грешка.
Конфучиј
Можеби е подобро да се биде неодговорен и во право, одошто да се биде одговорен да се згреши.
Винстон Черчил
Човек кој не прави грешки киобично не работи ништо.
Вендел Филипс
Многумина грешат од страв да не згрешат.
Готолд Ефрем Лесинг
Сите грешат повеќе кога грешат тајно.
Публилиј Сир
Сите ние грешиме. Некои повеќе, некои постојано.
Александар Баљак
Секој може да згреши, но паметен човек ја поправува својата грешка, додека будалиот упорно се придржува кон неа.
Цицерон
Среќен е човек кого го предупредува туѓа грешка.
Јан Амос Коменски
Сепак, најмнкогу научуваме од сопствените грешки.
Мајкл Фарадеј
Не живееме толку долго за да ги користиме сите свои грешки.
Ла Бриер
Ниедна грешка не е фатална, освен ако сам не си ја направил таква.
Роберт Ентони
Погрешните идеи создаваат погрешни искуства.
Роберт Ентони
Гледам што е подобро, одобрувам, а го следам она што е полошо.
Овидиј
Понекогаш своите грешки луѓето ги плаќаат со живот, а народите со слобода.
Масимо д`Аѕелјо
Кога грешниците ја признаваат својата грешка, тие не очекуваат казна, туку простување.
Сомерсет Могам
Бекството од грешката води во грешка, ако се изведува невешто.
Хорациј
Да се греши е човечки, но да се истрае во тоа е ѓаволски.
Луциј Енеј Сенека
Не треба да се срамиме да признаеме дека сме згрешиле, зашто тоа со други зборови значи дека денеска сме попаметни од вчера.
Александер Поуп
Најголема од сите грешки е да не се биде свесен за ниедна.
Томас Карлајл
Навреме научиц дека грешката пријателски му се смешка на оној што те прави будала.
Марсел Пруст
Внимавај со извинување да не ја направиш грешката уште поголема.
Вилјем Шекспир
Ние лесно ги забораваме своите грешки кога за нив знаеме само ние.
Франсоа Ла Рошфуко
Најголема грешка е нашата преокупација со грешките на други.
Калил Џибран
Секоја грешка ни се чини неверојатно глупава кога ја прават други.
Георг Кристоф Лихтенберг
Ако погрешен човек ги користи вистинските средства, вистинските средства ќе функционираат погрешно.
Анонимус