Потребно време за читање: < 1 минута

8. Цел живот

Достоен и доследен,
па и доблесен
минал тој
низ многу говори
преполни со молчења,
замолчувања
повеќе премолчувања,
најмногу одмолчувања;
по стрмнини, удолнини,
низ пустоти, жештини,
во мрачини, студенини.

Цел живот минал
како да го гони самост
што срце беспокои
и до коски надеж
пуста соголува.

Сега снеможен не може
во очи да ме гледа
додека ми прикажува
за ближни што ги нема
ни близу ни далеку,
или за сон во кој
со мртви игра игри
безбрежни.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here