5. Прво
Прво уште далеку од последен чекор
до хоризонт на доглед, на него, по него,
како прв најтежок од раѓање во растење.
Прво создание доживеано, преживеано,
па сонувано, па одсонувано, па родено
како докажана трага на лично постоење.
Прво љубов за опстој човечен, надежен,
оти почетокот на освојување на светот
е секогаш со игра, мисла и збор за дело.
Прво дело што стаменува достојание,
прво дело во творечко сомнение,
прво дело на живот до последен здив.