Потребно време за читање: < 1 минута

41. Тој може

Делка стена со гола рака
и со сончев зрак на меч.

Прави бои во хармонија
на време неминливо.

Остава зад себе знаци
како трага на живот.

Прибира гласови блиски
совреме да зароби молк.

Со еден чекор стамен
прескака модра бездна.

Сега може друг сè
да продолжи
или да почне одново.