ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Потребно време за читање: 5 минути

18. Насекиран

Здраво живо народецу мој,

Дедо Громче ви е многу, многу, ептен многу насекиран! Можи да скинам конци од што сум толку насекиран! Ќе ги скинев досега ако не ми беа ко од челик напраени. Па замисли одозгора на тоа колку сум собрал и колку ми се собрало коа ми се чини оту и ваквии мои конци можи да скинам.

Знам од кај собрав и ми се собра толкаа секирација. Од нашине телевизии! Не бе, не ги гледам по цел ден и цела ноќ, ко што праат појќето на моиве години, ама ги глеам баш коа даваат програми за најсекирација: вести и муабети со аналитичари, синтетичари, политичари, политиканти, лујѓе што мислат и понекој експерт, за на гледателството нештата да му бидат појасни. Појасни?! Како да не! Како можи тема за секирација да биди нејасна или да ѝ требит појаснуање? Да е жива мојата сакана и до смрт непрежалена покојна Громојца, таа али би го гасела телевизоро ко ќе има вести или такви муабети, али би ми забрануала да гледам телевизија. Таква беше таа. Ептен ме пазеше, чуваше, вардеше, а заошто да не знајте и оту ме мазеше, само да не се секирам. Посебно не многу. Малу можи, некоаш таа праеше нешто колкуа да ми ги потренира нервите, малу да се изваам од такато, ама многу, ко сега што сум насекиран, немаше шанца! Еве ќе ви признаам дека таа најмногу се секираше за мене да не скинам конци од секирација ко ќе замини на оној свет. Често ме жалеше велејќум: „Кој ли ќе тги го бери гајлето за седкирацијата коа ќе ти умрам“. Ојдена е одамна, ама сум сигурен дека на оној свет се секира за мене оту сум многу, многу, ептен многу насекиран.

И сега знам оту прво се прашуате од што ми е секирацијава, што напрајло и прај да се секирам толку. И да кажам од прва: ме секираш ти, народецу мој! Не дал`, ами како и уште до кога ќе го издржиш ова што ти се прај и не се прај то што треба да се прај за тебе. Да бе, мислам на праењето, а многу појќе на непраењето на власта што ти ја натурија однадвор за да владеј со тебе навнатре; најмногу во правец на твое растурање, ништење, бришење, живејне во туѓа држава што ја украдоја од тебе. И при тоа, помалу од секирацијава ми е нејзината предавничка и велепредавничка политика во однос на источнио асимилаторско-окупаторски и наци-фашистички источен сосед, ко што го нарекуа источнио сосед чоеко што никој од горнине не го есапи ни за жив ни за мртов, а за сиот свет е голем мислител и творец заради и поради што мисли и твори дење и ноќе до глава болејне. Го знајш него ти, народецу мој, нели? Нормално оту го знајш оту е ист ко тебе, народен.

Нејсе, ти нагласив дека политиката ми е помалу од секирацијава. Заошто? Зато што то не можи да биди докрај. Ќе дојди моменто коа ќе ти пукни филмо предавничката и велепредавничката политика и ќе ги казниш доживотно. А што е појќе? Ти нагласувам: појќе, што би рекол ја многу, многу, ептен многу се секирам за тебе заради икономијава, а можи да скинам конци поради калта и валканиците на сиромашијата во која те заглибија до гуша. Исто колку што ти е и колку што допрва ќе ти биди тешка, мачна, просто напросто неиздржлива. И не само то, ами секој ден сè појќе од вас, лујѓе, буквално гладуаат! Коа велам буквално, мислам од А до Ш. Добро де, и ја ко дедо Громче, со пензиичка колку за старечко живуркање, ја делам со тебе буквалноста, можи  ми е дури појќе од многу од вас, ама ја сега во суштина не сум битен. Тамам работа вие да почните да се секирате за мене ко што се секирам ја за вас!

Прво ко прво, прашајнето кој ли те доведе на ова дереџе го сметам за излишно оту е наивно и чоек се прај наудрен ако кажуа оту не знај. Се знај кој: власта што знај што прај за себе, за своите роднини и друзи блиски ем најблиски, а најмногу знај да лажи и кради; што и од знајне и од незнајне ич не треба да прај. Ма не смеј! Што то прај така? Сè, буквално сè, а ко велам буквално мислам од А до Ш. Ма ми иди да на сите во власта да им опцујам и мајка и шајка! Се воздржуам не оту сум културен, то го знај секој што ме знај, ами оту то-опцуањето нема ни да ги заниша, а камо ли да ги погоди едновремено прао и во срце и во мозок. Сакам да речам, тие во власта одамна отрпнале и на критика и на карање и на пцуење, а мислам оту и фалењето им е преседнато ем прелегнато; гледам и слушам како просто се навикнале, та можат да се изразболуат ако не ги пофалат нивните макар еднаш денум и еднаш ноќум.

Лујѓе, што прајме со сиромашијава и гладуањево на кои им нема крај? Ја мислам оту не прајме ништо, нито можиме да прајме. Што да прајме? Ја знам и сега ќе ви кажам дури уште малце имаме време за прајне. Да не кажите утре оту не сум ви кажал совреме али во последно време.

Збирајте се, лујѓе, меѓусебно, околу едно заедничко, домашно огниште; за заедно да живејте, една манџа сите да јајте, на еден огин да се грејајте, да си делите што имате за да има за сите и да прајте што ќе прајте за да имате не колку што можи појќе, ами доволно и за оние што немаат ништо и за оние што имаат нешто и за оние што имаат многу. И најважно од сè ко што вели една наша народна: секој да си ги пружа ноѕете колку што му е долга чергата.

Ме разбравте али не ме разбравте? Ако не ме разбравте, ќе ме разберите коа ќе ви речам сега ко последно: не можи секој сам да се спреми за војвање и сам да војва. Војвањето иди неминовно и ќе дојди час поскоро. Се чудите какво војвање? Хибридно!

Што? Не знајте какво је хибридното војвање? Од мене за то другпат, скоро, а сега засега само ќе се го кажам основното: то ви је едновремено војвање секакво; со крадби и нечесни дејанија на натурена власт; со замолчуање и застрашуање сенародно; со осиромашуање на народо до гладуање и жедуање и негоо доведуање до рабо на битисувачката провалија; со негоо делење секакво за власта да можи да владеј ко што ѝ наредено; и со напикуање на сите што можи да кренат глава, да се испраат на свои ноѕе во тунел без светлина на негојо крај, ко што знај да речи талентиран поет; а најмногу војвање со временски неприлики. Во овој контекст ти текнуа што ни е на праго? На праго ни е смрзнуачка среде зимо што сигурно ќе трај колку што им треба на оние што веќе војваат против народи и нивни држави.

Да ти порачам, народецу мој: не гледај многу, ако можи ич не гледај на телевизиине вести и муабети со аналитичари, синтетичари, политичари, политиканти, лујѓе што мислат и понекој експерт за на гледателството нештата да му бидат појасни. Ако не мојте без гледање, тогаш гледајте спорт, музика, серии, филмој, а најпојќе документарки кои учат и поучуаат.

Можам уште многу да кажуам за мојава насекираност, ам ај доста е.

Знам оту снајте, ама да си кажам ко пшто кажуам на крајо:

Ја ко ќе кажам кажано је!

Leave the first comment