Потребно време за читање: 4 минути

41. Натурени

Здраво-живо народецу мој,

Може досега да си забележал, ама ако не си еве да си се акцентирам: ако мислењето за нешто ми је тврдо, никој не мојт да ми го смени со потврдо. Не бе, ич не сум тврдоглав, ко шо знаат да бидат некои од моине другари по годињево. То је зато шо секоаш мислењето го затврдуам долго, со то шо се аргументирам и фактосуам од сите страни и аспекати, па се сопоставуам со  на шо појќе други. И после нема мрдање ко је то во прашање. Ова ти го кажуам прибидејќи подолго, да не речам долго време ме вади од такато натуреноста ко таква и никаква, а преди сè натурените ко ептен никакви. Од кога подолго? Се знај од кога: откоа сратешките срански партнери ни натурија власт ко таква и дибидус никаква, а за да си праат со нас сè ко шо замислиле и да си напраат сè шо им је во стратегијата и геостратегијата. Да, ама мене ко дедо Громче не можат да ми продаат басми, ниту пветер и магла! Заошто? Па баш поради зато шо ми је тврдо и никој не мојт да ми го смени со потврдо мислењето за натуреноста ко таква и никаква, како и за натурените ко ептен никакви. Поготово шо срански сратешки партнери ни ја натурија натуренава власт божем ние не знајме шо је демократија и врска си неаме за слободнио капитализам.

А бе лујѓе, некоаш ми иди да пукнам, да се распукнам од јад, мака и јарост. Од јарост најмногу заради ем поради натурениве над нас ко да се за нас. А бе мамичето мамино би им го расплакал ко дедо. Да бев бар некоја година помлад, мислам физички, духовно и психички ич не им се давам на младите, ќе видеа шо ќе ги снајдеше од мене. Вакви да ни натурат сранциве?! Велам, да бев бар некоја година помлад ќе ти застанев на чело, народецу мој, и заедно голораки, со српој, вили, секири и стапој мамичето мамино ќе им го расплакавме! За вакви натурени на зборојте џган, багра, фукара, лигуши, мрсулковци, мочковци, серковци, гомнојадци, курви, ороспии, коленичари, неранимајковци, платеници, предавници, изроди, давајгазовци, дибеци, токмаци, суртуци, апашишта, мафијашишта и така натаму и така наваму, можи да им се придодаат најмалу уште толку наместо, поготово пцујачки, и па па да бидат малце.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Ја тврдо мислам оти сратешките сранци треба да ги научиме оти знајме шо је слобода и демократија, како и да не нè праат наудрени. Зато шо знајме оти они немаат врска со натуруањето, ами со него се тотално контрапунктални, шо би се рекло стручно-експертски. Ја тврдо мислам оти је ептен дојдено времето да ги поднаучиме на ум и да ги научиме оти ко прво и прво слободата и демократијата никој не мојт да му ја натури на народо, особено не во контексто на сратешко партнерство меѓу големи и силни и мали и слаби. Со други и трети и четврти зборој, тие да зависат од ними. Баш напротив, баш дибидус контра: натуреноста ко таква и никаква, посебно такви и никакви натурени на власт се антислободарски и антидемократски. Туку…Ја знам дека вие знајте, лујѓе, ама за да не остани нешто недоречено од мене за натуреноста и натурените контра слободата и демократијата, ја да си го изложам мојто тврдо мислење за ними.

Натуреноста сама по себе и сама за себе је од голем ем јак према мал ем слаб. Стручно-експертски речено, таа је правопропорционална со големите ем јаките, а обратнопропорционална со малите ем слабите. Ме разбирате шо сакам да кажам, нели. Плус на то таа ја прибира али стручно ја инкорпорира во себе послушноста и слугуањето, односно коленичењето и без`рбетништвото. Е, ама проблемо на големио ем јакио во богатио и сиромавио капиталистички свет је како натуреноста да не им се контрапунктира на слободата и демократијата, односно како она да се покрие али поточно да се сокрие со ними али зад ними.  Не за друго, ами за да можи да тврди и да не дозволуа да се порекни: „Не бе, каква натуреност! Ние извозуаме слобода и демократија, а натуреноста од нас само ви се присторуа. Кога је зборо за натурена власт, таква од нас нема шанца да се напрај. Знајте заошто? Поради зато шо не дозволуаме таа да се напрај без слободни и демокрартски избори. Конкретно, то значи секој да има прао да гласа, и то неприкосноено; при то сечиј глас да је важен, просто и напросто власта саде од него да зависи. Греши секој шо мисли оти после се расипуа работата, оти броењето на гласојте је проблематично, се натуруа односно се мести резултато за натурената власт да биди ѓоамити избрана слободно и демократски. Баш контра на то, ние многу помагаме да има шо појќе меѓународни неутрални, поточно независни набљудуачи кои гарантираат чесно броење. То пак, од друга страна плус гарантира оти нема шанца на некој наш мал ем слаб сратешки партнер ние да му натуриме власт. А и зошто да ни треба натурена? Ние ко големи ем јаки го помагаме развитоко, соработуаме при увозо на демократијата од нас, и нормално го контролираме малио ем слабио дали и во најмала мера ги загрозуа личната ем колективната слобода“.       

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Ја тврдо мислам оти натурената власт сама по себе и сама за себе је криминална и корумпирана, односно мафијашка. Баш поради зато шо ко таква е платена од срански сратешки партнер. А не можи да биди инаква, на пример чесна, искрена, народна, чиста и слично на то, баш поради зато шо је натурена за да биди таква. Инаку не би можела да прави, да работи, да подмачкуа, да замачкуа, да застрашуа, да смируа сè дури не го напрај докрај, а и потоа она за шо је натурена.

Сакам да се акцентирам меѓу сратешки голем ем јак и мал ем слаб со натурена власт од големио ем јакио: натуреноста мора да се огледуа во неписменоста, полуписменоста, недоветноста и тапоумноста односно неарноста во умо на секој во неа. Кога некои меѓу ними би биле контра, инакви, шо би се рекло чисти, чесни, искрени, умни, опитни, со време таа би можела да почни да му удира контри и реконтри на сратешкио партнер. Згора на то, со то по дифолт, ко шо се вели стручно-експертски, од ненародна и однародена да почни да се престоруа во народна власт. Со други, трети и четврти зборој, да стануа баш слободарска и демократска, па дури да почни на сратешкио партнер да му извозуа права демократија.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози, 45

А кога је зборо за криминало и корупцијата, односно мафијаштвото на натурената власт, се знај кој избира и кому му треба таква: на исто таков сратешки партнер. Ко шо велиш ти, народецу: од кого си, за кого си и со кого си-од А до Ш таков си.

Ја ко ќе кажам кажано је!