15. Тресењето зелени
Здраво-живо народецу мој,
Да ти кажи дедо Громче што ме мачи ептен многу во последново време и во последниве деној: пројде времето на зреење, созреа, дозреа, се собра и попаѓа што требаше и што можеше, а најгорнион и горнине по него тресат ли тресат зелени. Прво ме секира то што имаат толкуа зелени да не вреди да им се бројат оту не можи да им се добројат, второ ми се смачуа од то колку им се зелени, а као трето испаѓа оту ко зелени никоаш нема да им созреат и дозреат. Да знајте, меѓу другото зато сите зрели ни се на толкуа ниски гранки-то је од тежината на нивните зелени.
Лујѓе мои, ја стварно не знам кај се најдоа најгорнион и горнине по него да ни ги натурат ко божем сами да ги избравме да нè владеат! Ете, просто стварно не знам. Секирацијата ми го зголемуа то што маката од нив ни иди ко двојно зелена: ем се зелени во умо, ем тресат зелени. То му иди ко она: зелени во ум-зелени од уста-со зелени на друм. Или така некако. А знајте што стануа со зелени кои совреме не созреале, останале зелени и ко такви паднале наземи односно одгоре врз народо? Се знај што стануа: скапуаат и гнијат, се сушат тоест се распаѓаат односно ги фрлаат на бунишче. Што ќе рече од мене речено: со толкуа зелени горнион и горнине по него скоро ко скапани ќе бидат фрлени од народо на бунишче.
Слушајќи им ги и читајќи им ги зеленине на горнион и горнине по него, едно нешто не разбирам: никој не им бара зелени, напротив секој очекуа некоја зрела од нив, а ним никако да им дојди ум в глава и на јазик оту треба да престанат да тресат зелени. Како не им текнуа да позајмат, па и да украдат, прибидејќи крадбата и онака им оди ко подмачкана, некоја туѓа зрела што ќе ја истресат? Така и на своите ќе им го олеснат збирањето на нивните зелени и нивното праење наудрени, ко демек зелените нивни им се лични, та они нит` ги чуле нит` ги разбрале ко такви. А има, не да нема умно мислено, домислено и кажано од умој од дамнина до сегашнина, ко бисери на паметот, кои се толку зрели што е доволно само да ги цитираш и да ги препорачаш за паметење. Достатно е само да го уфрлиш во зборуањето со нагласуање: „Ко што рекол мудрио, та премудрио тој и тој…“, и нема тресење зелена, туку на против ќе се прикажи ко колку-толку зрел во умо и на јазик.
Има уште нешто што ми е логично, ко логична последица, ама ко се во прашајне горнион и горнине по него нема тотално никаква логика. Ти, народецу мој, за недоветен и глупав кој треснуа зелена велиш: „Тресна зелена и остана жив!“. Така велиш за таквио, нели? Е, ама за ними то не важи! Знам оту не мислиш на буквално умирање по таквото треснуање, не мислам ни ја, ама не можам да се изначудам како остануаат живи! Барем да замолчат превентивно, ко што се вели модерно, па чоек што молчи и да сака да не можи да тресни зелена. Одозгора на то, ако се знај оту молчењето понекоаш се докажуа ко мудро, тие можи излезат по малце мудри, а не недоветни и глупај. Ја стварно не знам како е можно меѓу толкуа советници што ги имаат при себе на сметка на народо да не се најди ниеден да им дај ваков совет. Ете, ја ко дедо Громче им дадов за ич пари и не ми треба ни фала од нив. Само да престанат да тресат толкуа зелени.
На пример да го земам горнион ко пример. Имено, тој тресна ептен зелена и остана жив во врска со намисленото и оросписки спроведуаното ко добрососедско од окупаторско-асимилаторскион сосед, баш во врска со асимилацијата на народо, конкретно бугаризацијата. Ептен му је за паметуање зелената за бугаризација ко плашење или најавување оту ќе им се случи то само на Македонците кои имаат „лабаво национално самочувство“. Демек просто е навредливо за македонската нација да се кажи оту, ко што вели прецизно, протокол, договор и преку механизми на европска интеграција „јас и ти можеме да станеме Бугари“. То да ти бил дух на наводна бугаризација која ни се заканува, а го измислила опозицијата за да го плаши македонскиот народ. То го нарекуа испукан ќор фишек.
Ко прво, да го земам сосем накусо последното-она за испуканио ќор фишек. Кој можи да испука фишек, па уште ќор? Не кажуа, ама очигледно е дека мисли на опозицијата. Ама не ќе е баш само таа, и то му је ептен зелено во зеленава! Тој мисли на неа, ама мисли и на Македонците кои да ти имале „лабаво национално самочувство“! Да речеше Северномакедонците, можи ќе му пројдеше некако, ама да има такви Македонци ко Македонци?! А бе чоек, кај најде толкуа зелена да ја тресниш? На кои си им ти прецедател, најгорен од горнине? На цврсти, ама и на лабави Македонци? И одозгора на то опозицијата го плашела македонскио народ! Гледам од страв им се треси сè што е на ними.
И да ти кажам нешто, чоеку со зелени за тресење во умо и јазико: за тебе не знам, дајбоже да грешам што знам, ама ја си знам за себе оту не што не можам, ами нема да дозволам некојси протокол, договор и преку механизми на европска интеграција, што ги напраија и ги праат твоите горни што се подолни од тебе најгорен да ме напрај Бугар. Нито духот што излегуа од ними.
И најнакрај да те прашам ко тресач на зелени: ако од некој си протокол, договор и преку, ко што убо велиш, механизми на европска интеграција излегуа дух на бугаризација на народо македонски што е ко испукан ќор фишек, тогај заошто не си против тие некојси? Заошто не пресечиш и се заложиш за престануање на излегуање на духо? Заошто со таков фишек опозицијата да го плаши народо, и тоа дело од него кој има лабаво национално самочувство, а во кој ти секако не влегуаш?
Знам дека на тебе, најгорен од горнине, ти посветив ептен многу од кажуаново, ко илуистрација на истресена зелена, ама ај уште ова за завршуање:
Знајш ли ти што е то асимилација на народ, конкретно бугаризација? Не е то најпрвин заедничка историја и пикање во Уставо на држава, во која ти си натурен ко божем избран прецедател, на бугарскио народ ко втор али трет државотворен?
Ти, народецу мој, знајш оту ја ко ќе кажам кажано је, па на самио крај од кажуањево во врска со тресењето зелени да докажам:
Кој треси зелени, брзо треснуа зелен наземи и скапува и гние, па по али во теко на скапуање и гниење брго го фрлаат на бунишче.