Беља, Неола-Невоља, Несреќа

Потребно време за читање: 2 минути

Најголеми бељи ни прават оние од кои само добро сме очекувале. Неволите не доаѓаат сами, ама со нив многу повеќе од нив неочекувани, непредвидени. Една несреќа носи друга, особено со нив оти не запираат по свое да си тераат.

Белким брзо ќе се свестат, ако сакаат и натаму да бидеме со нив, да бидат со нас, да работат за нас. Ако не, ќе ги избркаме, засекогаш скраја од нив да бидеме. За други со кои ќе бидеме да знаат како да бидат со нас и само за нас да работат.

Македонски народни пословици

Беља со пари си купи, затоа се мачи.
Бељата беља докаруа.
Добро утро му реков, бељата си ја најдов.
Куртулисал арамијата од една беља, паднал на друга.
Му дојде бељата на глаата и пак не се сеќаат.
Пари дадов, бељата си зедов.
Си ја бара бељата тој што бара да најди змија и да ја тепа.
Си ја најде бељата во торбата.
Уште една беља не помина, втасала друга.
Има умирачка за нестреќа и за стреќа.
Во неола се фрли, дури го сработи.
Неоалата викни ја секаде да ти помага.
Неолата ум дават на чоека.
Од неволја баба молја.

Пословици на народите на светот

За туѓата неволја- по ручекот. (Татарска)
Несреќата е извонреден лек кој наеднаш лечи од многу болести. (Кинеска)
Несреќата е како поплава; потопува се, а потоа се повлекува. (Руска)
Несреќите се школи на мудроста. (Италијанска)
Тагата на несреќникот ја разбира само несреќник. (Арменска)
Малите несреќи не ослабуваат, големите не претвораат во камен. (Бенгалска)
Ветрот в лице го опаметува човека. (Француска)
Каде, несреќо? Во куќата на уметникот. (Грчка)
Секој човек за својата несреќа обвинува други. (Корејска)
Силните дождови не траат долго. (Холандска)
Еден камен никогаш не паѓа сам. (Белгиска)
Не е доволно што куќата е полна со несреќа, туку пред куќниот праг има уште една полна кола. (Германска)
Ако ти дошла несреќа, на друга отвори и врата. (Руска)
Парите раѓаат пари, а несреќата несреќи. (Руска)
Со несреќите е исто како и со кивањето: едно ретко кога доаѓа само. (Шпанска)

Leave the first comment