631. Сосила и грдоста станува убава.
632. Сè е толку очигледно, што и за слеп при очи е лесно согледливо.
633. Не зависи од тебе дали можеш, туку од оној кому му слугуваш до кога мораш.
634. За паметење сè помалу по добро, а сè повеќе единствено по зло.
635. Тоа што не ме читаш и не ме послушуваш е твој личен избор. Ако никого не читаш и не послушуваш, тоа веќе не е само твој проблем.
636. Без љубов ни виделина не ти фали.
637. Непорочната љубов старите ги прави помлади одошто кога биле млади.
638. Во врска со веројатните уставни измени:
Ќе „играат“ милиони евра за секој „ненадеен глас“ во парталментот на Северџганска калакурница?!
639. Духовно богат човек со богат дух.
640. Бесрамието им е главна храна на простакот и дибекот на власт.
641. Сум само со оние што ми значат во животот.
642. Сè подогледлива и посогледлива последна цел.
643. Ни случајно да се сретнеме зашто за нас нема случајности.
644. Како за сè друго во животот, и за создавањето дела од клучно значење е континуитетот. Што се однесува на мојот творечки, тој трае повеќе од половина век.
645. Јас обичен стар бел дедо, писател и пензиониран радио-новинар кој живурка пензионерски? Како може обичен?!
646. Познат глас, а одамна не се слуша!
647. Грутка горчина во душата поради грандиозно, а непризнаено дело. Што ја гори огнот на рамнодушноста.
648. Човекот најмногу од сè го уморува неизвесноста денес и утре. Дури може и да го разболи неизлечиво.
649. Една љубов не знае дали е жива зашто никој ништо не знае за неа.
650. Не ни помислувам, а камо ли да очекувам дека ќе ми биде подобро одошто ми е. Како дребен старец кој живурка и твори без престан.
651. Близу е крајот без наш нов почеток.
652. Јас додека сум јас што бев и сум.
653. Од вас веќе ништо како досега. Доволно беше.
654. Бевме заедно како да не сме биле никогаш.
655. Спокој или рамнодушност меѓу миг на радост и миг на тага.
656. Некогаш се прашуваш дали имавме наш свет. Јас знам дека немавме.
657. И сега би те препознал каква што те паметам.
658. До кога вие? Додека не решиме ние да ве решиме.
659. Во вашите редови безредие за нов ред.
660. Кој било пат да фатите, во беспаќе ќе ве одведе.