Потребно време за читање: 4 минути

929. Парадоксално:
Моето грандиозно мислечко и книжевно творештво му припаѓа на современата македонска книжевност и култура, а нема свое место во нив (непризнаено, маргинализирано, премолчено)!

930. Надгробен споменик:
„Овде почива обичен човек кој не оставил никаква трага зад себе“.

931. -Напишале за тебе и твоето дело…
-Знам, но не ме интересира.

932. Јас за мене си знам колку вреди она што сум го создал и го создавам.

933. А кој друг предводник на мртва партија, ако не директно и индиректно одговорен за илјадници мртви?!

934. Сè поочигледни крајности:
Режирањето на играта или наивно и нескриено или детално смислено и вешто прикриено.

935. Равенство:
Мафијашка партија=лидер мафијаш=членови мали, големи и перспективни мафијаши.

936. Купена партија не е партија, туку банда.

937. Метафорички:
Завојувале дивиот и гнил Запад и питомиот и плоден Исток. Најмногу жртви поднеле студениот Север и топлиот Југ.

938. Тешко вам ако некој ваш чекор биде колеблив!

939. Како пајак да плете мрежа низ која никој не ќе може да се провре.

940. Или се прават наудрени или се, штом тврдат дека нешто не може да се промени.

941. Ненадејно невреме?! Заборавивте на хибридната војна!?

942. Сè повеќе и почесто што ќе биде отстапува пред што е.

943. Секогаш најмногу ме плаши да не биде предоцна.

944. И најтешкото може да се олесни. Ако најпрвин се сака и се знае како.

945. Не смееме да им оставиме време за прикривање и сокривање. Тоа би било наш пораз.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXII, 766-845

946. Труди се секој твој збор да биде наместо.

947. Сè што се употребува од едни, се злоупотребува од други.

948. Мртва партија=моќна партија со најбогати мафијаши на чело.
Членство:
Бизнисмени-нивни послушници, потрчковци, лигуши и измеќари.

949. Не може да засакаш од туѓинец сосила натурено. Дури не го поднесуваш. Дури го мразиш.

950. Најтешко е кога мора наеднаш сè, без приоритети.

951. Приоритет над приоритетите: одбрана на македонизмот/македонството/македониумит.

952. Нема менливост без континуитет.

953. Без трпение на крпен живот. Со трпение богатење и надградба на квалитетот на животот.

954. Многу со сите како еден, ништо или само нешто со еден како ниеден.

955. Личноста е пред сè одговорна личност.

956. Ќе ме најдеш ако ти требам за нешто. За ништо не.

957. Една вистина, а многу лаги.

958. Во непријатна ситуација е оној на чии измислици му спротивставуваш факти и аргументи.

959. Веќе нема време за трпение. Во борба со вистини против злодела и злодејанија.

960. Внатрешниот непријател се сотира, не смее да се игнорира. Со истовремена одбрана до смрт од надворешниот.

961. Ништо не си направил ако си исчистил само пред сопствениот праг. Не можеш да стапнеш на него кога не се чисти туѓите.

962. Никогаш не можеш да бидеш во туѓа како во своја земја. Дури и кога туѓа си прифатил да биде твоја. Доколку не си изрод велепредавнички.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXII, 663-765

963. Предоцна е кога е одамна невозможно што било.

964. Се сети дека ме заборави?!

965. На мегдан за на виделина.

966. Бегаш од лична одговорност, а знаеш дека не можеш да избегаш од неа.

967. Мафијаш предводник на политичка партија?! Не, туку на политикантска мафија.

968. Овие на власт ќе дозволат да избегаат или да се сокријат бившите криминалци, корумпираните властодршци и предавници? Тоа ќе значи дека се исти како нив.

969. Или отворено и жестоко казнување на апашиштата што го разнебитија и испокрадоа народот, или тој брзо и несопирливо во небиднина.

970. Не може прекуноќ? А зарем може поинаку кога е сè растурено и расипано?!

971. Истовремено казнување и враќање/одземање на испокраденото од народот! Ако сакаме држава и општество што ќе бидат пример во развиениот свет.

972. Засега повеќе воздржаност одошто надеж.

973. И безмерна и безгранична наша љубов.

974. Во свет на сегашнина и утрешнина никој никому ништо не може да му натура.

975. Само договор на еднакви и со меѓусебна почит гради куќа.

976. Ако сакаш со срце и душа, нема што не можеш.

977. Пропаднато неповратно, но оставило трага. А што пропаѓа, може да се поправи за да продолжи да постои.

978. Безумни на позиција, во опозиција без ум.

979. Мртва партија-друштво на безидејни политиканти.

980. Конструктивноста се докажува еднакво со лична и колективна одговорност.

981. Привиден мир пред неминовна војна.

982. Со љубов може сè за љубов.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXII, 141-194

983. Светлина на крајот на тунелот. Кој, како секој и сечиј тунел, нема крај.

984. Нормално!
Да се живее човечки, достоинствено, квалитетно во држава и општество со сите нишани.

985. За стамен ôд кон догледна цел се најважни првите чекори на заодувањето.

986. И играта и резултатот наспоредно. Вио спротивно, и играта може да заврши без резултат и резултат да се постигне без игра.

987. Ни се тера ни се води. Не човек, а говедо непрокопсано.

988. Признај дека не ме признаваш зашто не си на рамно со мене.

989. За да живееш во заедница, првин треба да научиш дека нејзин темел се редот и поредокот.

990. Не може со мене за скришно против мене.

991. Ем не знае, ем не разбира, ем е неопитен. А партиски лидер!

992. Нема трајно дело без свесност за неговите вонвременски стојности.

993. Исправен и стамен низ многу премрежја во животот. До последен издив.

994. Кога би можел да те догледам како што те паметам.

995. На создател во години здравјето и мислата му се единствено надежни. За до последно дело.

996. Кое добро да сториш за мене? И за најмало фала.

997. Моја најголема жал е што те нема и ќе те нема дури сум жив.

998. Живвот и смрт за паметење, ако имало зошто да се живее.

999. Се думам дали имам уште време за надевање.

1.000. Јас ни мудар ни премудар. Само мислител.