294. Примитивно, безобразно, идиотски и наци-фашистички е да му се закануваш на древен народ во негова исконска земја. Марш бре!
295. Ебави европејската „култура“ ебави, говеда непрокопсани!
296. Се сојузиле белосветски европски ѓубриња и квислиншко-мафијашка власт за да ги уништат македонскиот народ и неговата држава!
297. Б`лгари, што е со вашето турко-монголско потекло? Не се гордеете со него?! Се откажавте од Аспарух, браќата му и татко им Кубрат?!
298. -Човеку, од тебе несфатливо толку многу!
-Баш ми е мило ем драго. А како можам да ти помогнам?
299. За да го заслужиш, најпрвин треба да го признаеш и почитуваш.
300. Нема меѓу!
Или си за Македонија-држава на народ и малцинства, или си непријател на македонскиот народ.
301. Мудар човек во сè новосоздадено најпрвин ги согледува очекуваните придобивки и можните злоупотреби.
302. Мисли и зборувај гласно. Како човек.
303. Одморај, но не безделничи.
304. Стварно ми е жал дека со мене се чувствуваш мал.
305. Го живееш животот ако си она што си и со дело можеш да бидеш.
306. Љубов далечна и сè подалечна.
307. Има и траги кои не водат до оние што ги оставиле.
308. Животната врвица е жива дури на неа и крај неа има живот со љубов.
309. Моето дело-мое единствено богатство.
310. Сосила и насилно ништо добро.
311. Жеден преку река сам човек не се пренесува.
312. Во старост зрелост и богат род.
313. Навикнат сам тешко со кој што не е.
314. Забележувам дека сè повеќе политикантски марионети на власт имаат кловновски лица.
315. Ако си способен, реши. Ако не си, признај си дека не си и остави му го решавањето на способен.
316. Им дадоа власт и испоганија сè. И едните и другите идиоти.
317. Будалаштина е залагањето за едно општество за сите! Затоа што во секое општество секоја единка и секоја заедница си имаат свои животи, интереси и цели.
318. Престројување на светот!
Државите на народи со малцинства во нив се креваат на нозе, во одбрана на самобитноста, независноста, суверенитетот и достоинството.
319. Како против слугинска мафија на власт? Најжестоко, сè до нејзино тотално развластување. Нема друг спас!
320. Не се живее, туку се живурка со пари заработени со пот и мака.
321. Опозицијата веднаш надвор од Собранието! Ако е опозиција!
322. И ним им е јасно сè, ама мораат да матат. За тоа се платени.
323. Веќе не е време за партија, туку за движење. Кое најпрвин подразбира масовно членство, потоа слободна заложба за различни ставови и мислења, една голема „општа“-државничко-општествена цел, како и авторитетно раководење со системите на државата и општеството.
324. Северномакедонската Влада невешто прикриено интензивно работи на бугаризација на македонскиот народ!?
325. Шегување со припаѓање:
Не може непризнаено моето грандиозно творештво да му припаѓа на современата македонска книжевност.
326. Со неукост и слугување ни денес ни утре.
327. Безумно ништење на луѓе, народи и свет човечки. Безвредно живуркање пред смрт.
328. Веќе не можеме на раб на бездна. Навалуваат невремиња што ништат сè под себе и пред себе.
329. Уште?! До кога?
330. Апашки богатници владеат со бедни и чесни.
331. Б`лгарски власти,
Идиотска е вашата злоупотреба на деца за остварување на асимилаторско-окупаторски аспирации спрема Македонија.
332. Народот мора сам да се ослободи од велепредавничка власт, згора натурена од „стратешки партнер“.
333. Нивното ненормално станува нормално затоа што се ненормални.
334. Ти прави сè лошо зашто не ти мисли ништо добро.
335. Ако на добар сосед не му е добро, ни тебе не ти е или скоро нема да ти биде.
336. Силник мрази слабак кого никако не може да го надвладее.
337. Доблеста и достоинството секогаш заедно во човек.
338. Последен живот по сè мртво се бори против смртта.
339. Јас сè уште постојам со тебе во мене.
340. Оние во светот што не знаат за моето грандиозно творештво, белки ќе дознаат дури се уште живи.