АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 331-360

Потребно време за читање: 2 минути

331. Народниот непријател најмногу се плаши од скришна и тајна подготовка на народот.

332. Америте секако знаат оти се најголеми стратешки непријатели на македонскиот народ. Поддржувајќи ја ненароднава мафијашка власт.

333. Непрестана е борбата за одбрана на своите исконски корени на своја исконска земја.

334. Јас при крај. Неважно уште колку од мене.

335. Ем просто невозможно, ем неподносливо:
Кој од кој поголем идиот на власт!

336. -Разочаран дека си што си?
-Не прашувај. Веќе не разочаран. Рамнодушен!

337. Со нескротлива творечка енергија неретко и ноќта ден.

338. Што може да ми се случи? Ни добро ни лошо, ни убаво ни грдо. Што било како ништо.

339. Најпрвин чесен, доследен и доблесен. Творец.

340. Инфериорните за сожал, рамносилните за почит, супериорните за восхит. Недостижните за поттик и неуморност.

341. Имам многу непријатели? Да, ама не знам зошто.

342. Естетско и вредносно општество наспроти потрошувачко.

343. Историјата ја богати човечката меморија, го вреднува и превреднува минатото на човечката цивилизација. Прекројувањето на историјата на древниот македонски народ е непријателски и освојувачки вандализам.

344. Културен и цивилизациски напредок:
Проткајување-Споделување-Сплотување.

345. Велик човек се велича. Злосторство е да се унижува.

346. Знам што и како утре со оглед на денес за вчера.

347. Ти со недоветни сопартијци и однапред и одзади.

348. Еј вие неразбрани властодршци, властољупци и други трговци,
Не е опозицијата таа што ќе ви го стокми крајот, туку народот!

349. Во последно време сè повеќе се збунуваш дури го читаш она што ќе ти го напишат. Како да ти подметнуваат.

350. Секако дека на младите светот им останува. Прашањето е каков свет им оставаме за кога ќе го преземат од нас.

351. Не броиш исти денови. Или оти не си во нив или оти ти се последни.

352. Само невреме од слуги на туѓини и изроди на власт во нашево време.

353. Од интерес на стратешките партнери, особено на Америте е јавно да кажат што мислат за атаката на власта врз демократијата и слободата во Северџганијава, посебно врз слободата и независноста на медиумите.

354. Овие не се расипани до коска. На овие и срцевината во коските им е расипана!

355. Стратешките партнери на Северџганија-САД и ЕУ мора да му објаснат на народот зошто е неминовно внесување на Бугарите во Уставот како конститутивен народ.

356. Сешто може во слаба и хаотична државичка, ако нејзините „стратешки партнери“ решат дека мора.

357. Кога се ништат исконски народ и негова држава, народот е опасен дури и ако се направи апатичен и пасивен.

358. Најмоќна е мудроста на бистриот ум.

359. Најмногу од годините живот и стаменоста на исправената снага зависи што е предоцна, а што не.

360. Очајна опсадна состојба.