ДУМА, ОПИТ, УКА 31

Потребно време за читање: 5 минути

31. Големи луѓе-Генијалност

Македонски народни пословици

Луѓето трева не пасат, ами луѓе пасат.

Мило ми е на очите кога гледам арни улуѓе.

Мнозина луѓе умреле и се забораиле.

Откога ќе нè нема луѓе прави, и веков ќе пропаднит.

Пилците се познаваат по пеењето, а луѓето по зборуањето.

Сите луѓе сет луѓе, ама поразумните сет полуѓе.

Ретки сет тие луѓе што криво седат и прао зборуаат.

Ако немаше такви салам луѓе, веков ќе пропаднеше.

Пословици од народите на светот

`Рбетот на малите е столб на големите. (Американска)

Кој не го знае своето место, ќе остане без него. (Арапска)

Дури и највисокото дрво има секира која чека во неговото подножје. (Турска)

Гледај долу, ако сакаш да знаеш колку високо стоиш. (Еврејска)

Големината на кулата се мери според големината на неговата сенка, а човекот според бројот на завидливците. (Кинеска)

Не можеш да го видиш челото на небото низ шуплината на бамбусот. (Јапонска)

Не можеш со дланка Сонце да покриеш. (Српска)

Латински изреки

Џуџе ставено на џин гледа повеќе отколку самиот џин.

Домисла, гесло, мисла водилка

За проценка на дело на гениј треба да се напушти логичката мера.
Анонимус

Рекле, издумале

Секое дете е во извесна мера гениј и секој гениј е во извесна мера дете.
Артур Шопенхауер

Колку повеќе сме се извишиле, толку помали им изгледаме на оние кои не се кадарни да летаат.
Фридрих Вилхелм Ниче

Сè што е навистина големо се држи далеку од пазарот и славата.
Фридрих Вилхелм Ниче

Големото дејствува само врз големо.
Фридрих Вилхелм Ниче

Она што е големо во човекот, тое е дека е тој мост, а не цел.
Фридрих Вилхелм Ниче

Ништо големо не може да се направи без големи луѓе, а тие се големи затоа што тоа сакале да бидат.
Шарл Де Гол

Некој голем човек прави секој човек да се чувствува мал. Но навистина е голем оној што прави секој човек да се чувствува голем.
Голберт Кејт Честертон

Да се биде голем, значи да се биде несфатен.
Ралф Валдо Емерсон

Никогаш голем човек не се жали на недостиг на можности.
Ралф Валдо Емерсон

Во секое дело на генијот препознаваме наши отфрлени мисли: тие ни се враќаат во изменета величественост.
Ралф Валдо Емерсон

Големите не би вообразувале дека се полубогови кога помалите и ласкавците не би ги обожувале.
Томас Алва Едисон

Генијот е еден насто вдахновение и деведесет и девет насто пот.
Томас Алва Едисон

Секој човек, кој било да е, мора да ја наведне главата пред уверувањето дека постои Голема Мисла.
Фјород Михајлович Достоевски

Прекрасна е капката роса на работ на тревката и не толку ситна за големото Сонце да се огледа во неа.
Фридрих Рикерт

Великанот може да биде мал во својата големина, а малиот човек голем во својата дребност.
Федерико Фелини

Само мошне големите можат да им допуштат на противниците да кренат глава.
Станислав Јержи Лец

Некои работи не ги гледаме токму затоа што се огромни.
Станислав Јержи Лец

Човекот што е гениј, а не го знае тоа, веројатно и не е.
Станислав Јержи Лец

Кој се прави важен во ситни работи, тој е обично ситен во важни работи.
Жак Татишеф Тати

Пигмејците се мали макар да ги постават и на Алпите; пирамидите се големи макар да бидат и во најниска низина.
Карл Густав Јунг

За трајно поседување на височина е потребна големина.
Карл Густав Јунг

Малиот човек и на рид е мал; џинот е голем и во јама.
Михаил Василевич Ломоносов

Големиот човек не смее да биде ситничар.
Балтазар Грацијан

Голем е оној човек што никогаш не им се препушта на минливи впечатоци.
Балтазар Грацијан

Некои луѓе ни се чинат големи затоа што го мериме и нивниот пиедестал.
Луциј Анеј Сенека

Особина на големиот дух е да ги презира навредите.
Луциј Анеј Сенека

Ниеден голем дух не бил без малку безумие.
Луциј Анеј Сенека

На малите луѓе им се потребни мавзолеи, а на големите им се доволни камен и име.
Франсоа Рене де Шатобријан

Оние што се оддават на ситни работи обично стануваат нспособни за големи.
Франсоа Ла Рошфуко

Заслугите на големиот човек не треба да се ценат според неговите големи особини, туку според тоа како ги употребил.
Франсоа Ла Рошфуко

За да се стане голем човек треба да се умее да се користи со сета своја среќа.
Франсоа Ла Рошфуко

Според инстинктивните наклонетости и енергичните реакции се познаваат ситните души. Во големите души и супериорните духови таквата страст не постои.
Херман Хесе

Треба да се биде подеднакво голем во слушање како и во заповедање.
Херман Хесе

Нема големина таму кај што нема едноставност, добрина и правда.
Лав Николаевич Толстој

Како што човек не може сам себеси да се подигне, така не може себеси ни да се зголеми.
Лав Николаевич Толстој

Најмногу ќе му се доближиме на она што е големо, ако сме големи во скромноста.
Рабиндранат Тагоре

Навистина е голем оној што поддржува многумина да живеат напоредно со него по свое.
Рабиндранат Тагоре

Ништо не е попофално, ништо подостојно за голем и славен човек, одошто скромност и благост.
Марко Тулиј Цицерон

Најголемите духови се еднакво способни и за најголеми добродетелства и за најголеми пороци.
Рене Декарт

Особина на големите луѓе е на други да им поставуваат многу помали барања одошто на самите себе.
Мари фон Ебнер-Ешенбах

Никој нема да го спознае големото ако не почне со мало.
Томаш Гариг Масарик

Човек е голем не со она што го стекнал, туку со она од што се одрекува.
Сарвепали Радакришнан

Високите стебла се повеќе изложени на бури, отколку ниските грмушки покрај нив.
Фридрих II Велики

Кај што е мислата, таму е и силата. Веќе е време гениите да им претходат на хероите.
Виктор Иго

Големите луѓе стануваат уште поголеми кога непријателите ќе ги направат свои пријатели.
Едвард Џорџ Балвер Литон

Големите теба да ги сметаме како огнот: не е добро ни мошне близу, ни премногу далеку од нив да се стои.
Диоген

Помеѓу великанот и статуата разликата е во тоа што статуата станува поголема, а великанот помал кога им се приближуваме.
Александер Хамилтон

Јакиот човек го разбира јакиот. Слонот го разбира лавот, глушецот не. Како можеме да ги разбереме големите, ако не сме како нив?
Свами Вивекананда

Светлината на ѕвездите кои одамна се угасиле сè уште допира до нас. Така е и со големите луѓе кои умреле пред многу векови, а ние сè уште го чувствуваме зрачењето на нивната личност.
Калил Џибран

На големите луѓе е непотребно да им се подигаат споменици: нивните дела се нивните споменици.
Гамалиел Постариот

Големата музика одвај се слуша. Големиот облик нема контури.
Лао- Це

Особина на генијот е да ги снабдува глупаците со мисли дваесеттина години порано.
Луј Арагон

Кога ќе се појави гениј, ќе го познаете според тоа што глупаците се здружуваат против него.
Џонатан Свифт

Гениите се како грмотевица; им се спротивставуваат на ветриштата, ги застрашуваат луѓето и го прочистуваат воздухот.
Серен Кјеркегор

Злосторникот и генијот се исклучуваат.
Александар Сергеевич Пушкин

Секој барем еднаш во годината е гениј (кога ќе ги собере сите свои успешни дела).
Георг Кристов Лихтенберг

Судбината на генијот е далеку потешка отколку судбината на медиокритетот.
Тин Ујевиќ

Оженетиот гениј е јалов гениј; тој мора да избере или на потомството да му остави големи дела или деца.
Шарл Дафренси

Да се направи со леснотија она што на другите им е тешко, значи да се има талент; да се направи она што на талентот му е невозможно, значи да се биде генијален.
Америл Умбра Като

Големите гении ги презираат изодените патеки.
Абрахам Линколн

Leave the first comment