ДУМА, ОПИТ, УКА, 2

Потребно време за читање: 3 минути

2. Глупост

Македонски народни пословици

Ако беше му било кусо алиштето, ќе му се придаеше, ами коа му је умо кус, не можиш да му го придаиш.

Ама глаа, ама тиква; ама глаа, ама црпка.

Арно му је брадата бела, ами коа му је глаата дебела.

Глаата да му падни кога нема во неа семки.

Глупаиот не припознаа добрина што да му се праи, и да му напраиш добрина, не припознаат; и да не му напраиш, па не припознаа.

Даруш, магаруш, не даруш, па магаруш.

Кадијата умо да му го носи.

Капа му дупи тој што го има.

Лета, лета магаре, речи му, и шутио ќе ти поверуа.

Магарињата не се со рогои, ами сет со долзи уши.

На две магариња сено не знаи да му врли (али слама).

Од многу ум што има, дури се ошути. Ум нема.

Откоа се ожени, уште поеќе се ошути.

Пари има, ум нема. Ум има, пари нема.

Умо му лета по чавките. Шут.

Пословици од народите на светот

Варди се од брзање зашто тоа секогаш доведува до каење: оној што брза зборува пред нешто да дознае, одговара пред нешто да сфати, одлучува пред нешто да провери, куди пред во нешто да се убеди. (Арапска)

Глупостите за кои најмногу жалиме се оние што никогаш не сме ги направиле. (Хрватска)

Молчи или зборувај нешто повредно од молчењето. (Германска)

Мудроста што ја преминува мерата е полоша од глупоста. (Монголска)

Паметниот ги крие своите добрини, будалиот ги држи на јазикот. (Монголска)

Подобро е со мудар да се плаче, отколку со будала да се пее. (Словенска)

Ако ти е паметта слаба, мораш да имаш силен грб. (Бугарска)

Глупави се сите кои така изгледаат и половина од оние кои не изгледаат така. (Повеќе народи)

Глупавиот што станал свесен дека е глупав повеќе не е глупав. (Повеќе народи)

Ако е некој луд, не биди му другар. (Повеќе народи)

Ако си испратил деветтмина глупаци нешто да ти купат, ти си станал десеттиот. (Повеќе народи)

Никогаш не ја потценувај моќата на човечката глупост. (Арапска)

Само глупав човек може да го скршат ситни работи. (Африканска)

Кога не би имало глупави, паметните би останале незабележани. (Ерменска)

Нема потврд град од празен човек. (Српска)

Цел век живееш, цел живот учиш, а како будала умираш. (Руска)

Глупавиот раскажува за она што јадел и пиел; паметниот за она што го слушнал и видел. (Калмичка)

Кога сите глупаци би носеле бели мантии, градовите би личеле на градини на бели кринови. (Кинеска)

Vox populi (Латински пословици)

Кој се крие во слама, ќе го изеде глупаво магаре.

Рекле, издумале

Глупакот мисли за себе дека е мудрец, додека мудрецот знае за себе дека е незнајко.
Вилјем Шекспир

За жал, отсекогаш било така што поради глупоста на големите страдале малите.
Жан д Ла Фонтен

Глупакот кој станал свесен дека е глупав, веќе не е глупак.
Фјодор Михајлович Достоевски

Голема е мудрост да се симулира глупост во соодветен момент.
Марко Портиј Катон

Пуштете го будалиот да биде од корист колку што му допушта глупоста.
Жозеф Конрад

Не карај се со будала-луѓето можеби нема да ја воочат разликата.
Артур Блох

Глупаците знаат сè, освен дека се глупави.
Улдерико Донадини

Единствено глупоста е доволно храбра да се претставува како совршенство.
Хјелмар Кристенсен

Сè има свои граници, освен човечката пакост и глупост.
Блез Паскал

Помеѓу другите невољи, глупоста ја има и оваа особина: секогаш се повторува.
Луциј Анеј Сенека

Глупакот го има тоа предимство над паметниот, што е задоволен од самиот себе.
Наполеон Бонапарта

Глупоста е вљубена сама во себе и нејзиното самољубие е безгранично.
Мирослав Крлежа

Глупоста е најнеобична од сите болести-од неа не пати болниот, туку сите останати.
Жак Превер

Има глупаци кои умеат вешто да ја употребат својата глупост.
Франсоа Ла Рошфуко

Има глупости кои се заразни како болест.
Франсоа Ла Рошфуко

Да се биде со будала е исто така штетно како да се биде со непријател.
Буда

Против глупоста и боговите залудно се борат.
Јохан Волфганг Гете

Никогаш не ја потценувај моќта на човечката глупост.
Анонимус

Единствено глупак може да постави повеќе прашања отколку што стотина паметни можат да одговорат.
Анонимус

Не ме загрижуваат глупостите што веќе сум ги направил, туику оние што допрва ќе ги направам.
Карол Иржиковски

Глупоста е најнеобична од сите болести: замиот заболен не пати од неа.
Пол-Анри Спак

Ништо не е грев освен глупоста.
Оскар Вајлд

Leave the first comment