Потребно време за читање: 15 минути

117. Судбина

Судбина ми била и да верувам и да не верувам во судбина. Така ми било пишано, такво ми било речението.

Кога е збор за судбината, најпрво од сите прашања е дали таа постои или не. Со оглед на пишаното од мене погоре, одговорот би бил дека и постои и не постои.

Би се обидел да го промислам тоа, на пример вака:

Судбината постои во секој човек, и тоа во онаа мера во која ѝ се препушта како понешто пренесено од предците. Таа е во него и како неминовност за потомците. Што пренесено? Велам понешто, на пример самосвест, човекољубие, опстојба. Како неминовност? Како нешто што зависи од него самиот и од уката и поуката на опитните во години.

Судбината не постои бидејќи човекот го одживува животот според намерите, стремежите, целите, според сè она што го докажува како човек во светот, со свое време во свој простор. Човекот сам и заедно со друг, со други, некогаш повеќе сам, некогаш повеќе со помош на друг, на други ја крои својата судбина, поточно својата сегашност и својата иднина.

Ја прифаќам судбината како таква само кога е збор за љубовта.

Судбина ми била да ја споделувам мојата сегашност со мојата љубов.   

Македонски народни пословици и изреки

Никој не може да избега од судбината.

Од судбината не се бега.

Касметот му работи.

Тргна да си го бара касметот.

Роди ме мајко со касмет, па фрли ме на буниште.

Нов ден-нова нафака.

Речение ни било да не сме заедно.

Така требало да биде според речението.

Таква била пишанијата, пишанија било.

Ако е речено.

Не било речено.

Судби Божии неиспитани.
Госпо на чоека му помага, ама и го накажуа.

Пословици и изреки од народи на светот

Никој не умрел на туѓ ден. (Српска)

Човек сонува, а Бог одредува. (Српска)

Некому олово му плива, а некому сламка му тоне. (Српска)

Кој е роден да биде обесен, нема да се удави во река. (Турска)

На оној кому не му дошло време за умирање, ни стотина стрели нема да му наштетат; на оној кому му дошло време, ќе го усмрти острица на трева. (Индиска)

Гледате помрачување на Сонцето и Месечината; гледате паѓање на ѕвезда; гледате фаќање на див слон и голема змија и гледате сиромаштија на мудреци-значи гледате дека моќта на судбината е секогаш највисока. (Индиска)

Судбината им се смее и на оние мошне одважни и на оние мошне претпазливи. (Индиска)

Кога животот ќе даде лимони, направи лимонада. (Американска)

Судбината е како камелеон: трпи дете со неа да се забавува, додека тоа на гранката не ја промени својата боја. (Мадагаскарска)

Ако ми е судбината таква, ќе паднам и ќе се разбијам. (Ескимска)

Оние што пловат во чамец, имаат само една судбина. (Узбекистанска)

Латински изреки

Мораме храбро да поднесеме сè што се случува, зашто она што го сметаме за несреќа всушност се случува природно.

Домисла, гесло, мисла водилка

Зелен предмет не е жолт. Долго нешто не е кратко. Секој предмет носи своја судбина. Зошто ние би мешале и менувале судбини?
Зен филозоф

Судбината на човекот е во неговата сила да го одреди сопствениот пат.
Јогини

Најдобрите години на твојот живот доаѓаат кога ќе одлучиш дека твоите проблеми се твои. Не ја обвинуваш за нив својата мајка, околината или политиката. Сфаќаш дека ти ја контролираш својата судбина.
Анонимус

Судбината одлучува кој влегува во мојот живот, но јас одлучувам кој останува.
Анонимус

Рекле, издумале

Вие сте архитект на својата судбина. Раѓањето и смртта само се два настана во животот. Сте ја заборавиле својата основна природа и тоа е причина за вашето патење. Кога ќе станете свесни за тоа, ќе бидете слободни.
Свами Рама

Судбината ги меша картите, а ние играме.
Артур Шопенхауер

Судбината може да се промени, нашата природа никогаш.
Артур Шопенхауер

Човекот сака да размислува за својата судбина, но многу ретко се сомнева дека е тоа збир на глупости што ги направил.
Артур Шопенхауер

Самотијата е судбина на сите позначајни духови.
Артур Шопенхауер

Анатомијата е судбина.
Сигмунд Фројд

Судбината е море без брегови.
Алгернон Чарлс Свинбурн

Судбината не е случај, таа е труд. Скапата насмевка мора да се заслужи.
Емили Дикинсон

Она што мора да се случи, не може да се спречи.
Вилјем Шекспир

Нашата судбина не е сочувана во ѕвездите, туку во нас самите.
Вилјем Шекспир

Човекот е често господар на својата судбина.
Вилјем Шекспир

Никој од нас не вели, живеејќи без неволја, дека својата среќа ѝ ја должи на судбината; кога ќе ни дојдат грижи и тага, сега сме подготвени за сè да се обвинува судбината.
Вилјем Шекспир

Не лелекај премногу над ситна болка, зашто судбината би можела да го лечи со крупна.
Фридрих Хебел

Чистотата на вашите чувства ја поништува колективната судбина на еден век на суровост.
Жозеф Мари Девондел

Ако постои судбина, зошто ни се дадени волјата и разумот?
Михаил Љермонтов

Човек кој секогаш нешто сака ја принудува судбината на предавање.
Михаил Љермонтов

Кој се жали дека судбината го фрла таму-ваму како топка, признава дека е мошне лесен.
Франсоа Ла Рошфуко

Судбината ги поправа таквите наши недостатоци, што ни умот не можел да ги поправи.
Франсоа Ла Рошфуко

Потешко е да се однесуваш достоинствено кога судбината е наклонета, одошто кога е непријателска.
Франсоа Ла Рошфуко

Пристојните луѓе нè почитуваат поради нашето достоинство, а толпата-поради наклонетоста на судбината.
Франсоа Ла Рошфуко

Спрема судбината треба да се однесуваме како спрема здравјето: кога ни е наклонета, да уживаме во неа, а кога ќе почне да биде хировита трпеливо да се чека, не прибегнувајќи кон моќни средства  без посебна потреба.
Франсоа Ла Рошфуко

Судбината ги открива нашите добродетелства и недостатоци, како што светлината ги открива предметите што ги осветлува.
Франсоа Ла Рошфуко

Судбината е оправдување на душите со слаба волја.
Ромен Ролан

Оние што имаат права мудрост и искуство, на секој план оставаат место за удел на судбината, знаејќи дека сите човечки дејствија се несигурни.
Анатол Франс

Случајот се случува кога Бог сака да остане инкогнито.
Анатол Франс

Благодарен сум ѝ на судбината што се родив сиромав. Сиромаштијата ме научи на вистински животни вредности.
Анатол Франс

Текот на настаните во животот не зависи од нас, никако или мошне малку, но начинот на кој настаните ќе ги поднесеме во добра мера зависи од нас.
Иво Андриќ

Околу убавината се секогаш или мрак на човечката судбина или сјај на човечката крв.
Иво Андриќ

Треба да се бориме против зла судбина, па макар тоа било и без надеж за победа.
Мигел де Унамуно

Староста, болеста и сиромаштијата-соединети-се најголема и конечна катастрофа на една човечка судбина.
Јован Дучиќ

Кого судбината премногу го мази, го прави будала.
Публилиј Сириј

Знај дека сè се случува за твое добро.
Сатјананда Сарасвати

Мислам дека секогаш било од најголема корист за една ствар да се размисли зрело. Ако, сепак, искрснува нешто што не сме го очекувале, нема да биде криво нашето размислување, туку тоа ќе се случи затоа што сдубината е појака од размислувањето.
Херодот

Човечкото срце има незгодна навика со судбина да го нарекува само она што го сотира.
Албер Ками

Нема судбина која не се добива со презир.
Албер Ками

Непријатна навика на човечката природа е судбината да ја нарекува само свои удари.
Албер Ками

Забележав дека дури и оние што тврдат дека сè е предодредено и оти ништо не можеме да промениме, пак гледаат два пата пред да ја преминат патеката.
Стивен Хокинг

Судбината не е ствар на случајност: таа е ствар на избор. Таа не е ствар што се чека; туку ствар која треба да се постигне.
Вилијам Џенингс Брајан

Единствен човек што ти е судено да бидеш е човек каков што ќе одлучиш да бидеш.
Ралф Валдо Емерсон

Човековата возвишена судбина е да се роди во некое занимање кое ќе му овозможи користење на сите свои моќи и среќа, било да се работи за плетење кошари, ковање мечеви, копање канали, вајање кипови или компонирање песни.
Ралф Валдо Емерсон

Боговите ја фрлаат коцката и не прашуваат дали сакаме да бидеме во игра или не.
Пауло Коелјо

Кога веќе немав што да изгубам, добив сè. Кога престанав да бидам она што сум, повторно се најдов. Кога доживеав понижување, но продолжив да одам, сфатив дека можам слободно да ја избирам својата судбина.
Пауло Коелјо

Судбината ги води оние што сакаат, а ги влече оние што не сакаат.
Луциј Анеј Сенека

Многумина ја досегнале својата судбина стравувајќи од судбината.
Луциј Анеј Сенека

Судбината не ѝ дава ништо на вечната сопственост.
Луциј Анеј Сенека

Најјак дел од телото е оној што се користи најмногу. Мораме да се изложиме на ударите на судбината, борејќи се со нас да нè направи појаки; постапно ќе нè направи еднакви на себеси, а навиката на опасност ќе ни даде презир спрема опасноста.
Луциј Анеј Сенека

Сакајте го само она што ви се случува и што ви е предодредено. За што би можело да биде поприкладно за вас?
Луциј Анеј Сенека

Судбината и карактерот се различни називи за ист концепт.
Новалис

Судбината е понеизбежна од случајноста. Судбината е во карактерот.
Акутагава Рјуносуке

Јас не верувам во судбина која ќе падне на нас без оглед што работиме. Но верувам во судбина која ќе падне на нас ако не сработиме ништо.
Роналд Реган

Човекот не ја создава својата судбина; тој ја прифаќа или ја порекнува.
Урсула К. Ле Гвин

Човековиот карактер е негова судбина.
Хераклит

Човекот би требало да биде творец на својата судбина. Тоа е само делумно вистинито. Тој може да ја создава својата судбина само дотолку, колку што му допушта вишата сила.
Махатма Ганди

Нека вашите зборови бидат позитивни, зашто вашите зборови стануваат ваше однесување. Нека вашите однесувања бидат позитивни, зашто вашите однесувања стануваат ваши навики.
Махатма Ганди

Поблагородна е судбината на поединецот да служи одошто да владее.
Алберт Ајнштајн

Сè е предодредено, почетокот како и крајот, со сили врз кои немаме контрола. Предодредено му е на инсектот, како и на ѕвездата. Човечките суштества, растенијата или космичката прашина; сите ние танцуваме на мистериозни ноти, напишани во далечина од страна на невидлив музичар.
Алберт Ајнштајн

Судбината на послабиот е волја на посилниот кој го има во моќта.
За да ме казни поради презир спрема авторитетите, судбината и самиот ме направи авторитет.
Алберт Ајнштајн

Судбината ни ги избира роднините, ние ги избираме пријателите.
Жак Делил

Судбината е име кое често го даваме во ретроспектива на избори кои имале драматични последици.
Џ. К. Роулинг

Секогаш верував дека што било добро или лошо судбината да ни донесе, секогаш можеме на тоа да му дадеме значење и тоа да го претвориме во нешто вредно.
Херман Хесе

Се плашиш од илјада работи…Но сето тоа биле маски, само привид. Всушност, само едно ве исплашило-да се одлучите на чекор во непознато, мал чекор низ сите постојни мерки на претпазливост. И кој барем еднаш покажал голема доверба, се потпрел на судбината, добил слобода.
Херман Хесе

Самотијата е пат по кој судбината сака човекот да го доведе до самиот себе.
Херман Хесе

Јас сум сума на сè што се случувало пред мене, сè што сум направил и сè што ми е мене сторено. Јас сум секој чие битие во светот било под мое влијание. Јас сум сè што ќе се случи откако ќе исчезнам, а не би се случило да не дојдев.
Салман Ружди

Судбината е чувство што го имаш кога знаеш нешто за себе што не го знае никој друг. Сликата што ја имаш во својата глава за себе која ќе се оствари. Најдобро е да ја задржиш за себе зашто е нежно чувство.
Боб Дилан

Денес ни е судено да ја украсуваме земјата, а утре-да венееме под ледени ветришта. На сите ни е дадена само половина од среќата, а потоа-да се претвориме во прашина на земја.
Абдулратиф Бенава

Ако ни е судено да пропаднеме, да гинеме душо, а потоа ќе размислуваме за пеколот и рајот!
Рахман-баба

Посматрачите на катастрофи неправо очекуваат погодените од тоа да научат што било. Сè дотогаш додека мноштвото е објект на политиката, тоа не може во она што се случува да се види обид, туку само судбина; мноштвото учи од катастрофа исто така малку како и лабораториско куниче во биологија.
Бертолд Брехт

Судбината на човекот најчесто е во неговиот карактер.
Бертолд Брехт

Судбината на човекот е самиот човек.
Бертолд Брехт

Во човекот има несогласности меѓу неговата внатрешна и надворешната судбина.
Јозеф Чапек

На судбината ѝ ги припишуваме сите свои несреќи, а своите благосостојби никогаш.
Шарл Режисмансет

Кој ќе реши да прави добро, тој не смее да очекува дека луѓето поради тоа ќе му отстрануваат камења од патот, туку мора да биде подготвен на судбината уште некој камен на патот да му навалат.
Алберт Швајцер

Не верувам во судбина која навалува на луѓе без оглед што преземале тие, но верувам во судбина која ги погодува луѓето ако тие ништо не преземаат.
Гилберт Кејт Честертон

Не постојат две човечки суштества кои би имале или ќе имаат ист животен пат.
Сер Артур Кејт

Како што судбината ретко лаже кога навестува несреќа и колку што е сигурна во зло, толку е непостојана во добро.
Дон Педро Калдерон де ла Барка

Жалосен си, иако си среќен.
Внимавај тоа Судбината да не го дознае:
та кога таа, Лупо, за тоа би дознала,
неблагодарник би те нарекла!
Марко Валериј Марциј

Она што е судено, своја ќе пронајде патека.
Публиј Валериј Марон

Луѓето не се заточеници на судбината, туку заточеници на сопствениот ум.
Френклин Рузвелт

Никој не треба да мисли дека во текот на животот сè секогаш треба да оди лесно, зашто судбината е променлива и по долг период на затишје неизбежно е доаѓање на грдо време.
Езоп

Нашата судбина е обликувана со нашите мисли и постапки. Не можеме да го промениме ветрот, но можеме да управуваме со едрата.
Ентони Робинс

Цврстината пред судбината, милоста во патењето не значи само патење: тоа е активно дејствување, позитивен триумф.
Томас Ман

Убеден сум дека дури и во последниот момент од својот живот имаме можност да ја промениме својата судбина.
Ѓакомо Леопарди

Она што го нарекуваме своја судбина всушност е нашиот карактер, а карактерот може да се менува.
Анаис Нин

Освестете го несвесното, инаку несвесното ќе ви го води животот и ќе го наречете судбина.
Карл Густав Јунг

Животот ја избира музиката, ние избираме како ќе танцуваме на неа.
Џон Голсворди

Ако сакате да ја промените својата судбина, променете го својот став.
Ејми Тан

Никој не е роден под зла ѕвезда; ако ништо друго, постојат мажи кои лошо гледаат во небото.
Далај Лама

Судбината интервенира само за медиокритети. Она што е највисоко, самостојно го минува своето постоење.
Готфрид Бен

Кукавичлукот, за да не се гледа премногу, ја измисли судбината.
Артуро Граф

Не е вистина дека судбината слепо се воведува во нашиот живот. Таа влегува низ вратата која сами сме ѝ ја отвориле, отстапувајќи и повикувајќи ја да влезе.
Шандор Мараи

Судбината понекогаш личи на песочна бура која постојано ја менува насоката на патот. За тоа да го избегнете, променете го темпото. И ветрот го менува темпото за подобро да ве следи. Потоа повторно променете се и веднаш ветрот пак се менува во согласност со вашето темпо. Ова се повторува одново и одново, како злокобен танц со богот на смртта пред зора. Зашто тој ветар не е нешто што дошло оддалеку, независно од вас. Тоа е нешто што го имате внатре. Тој ветер сте вие. Значи, единствено што можете да направите е да влезете во него, по тој ветар, одејќи рамно и цврсто затворајќи ги очите за песокот да не излезе надвор.
Харуки Мураками

Прочитајте ја својата судбина, погледајте што е пред вас и тргнете во иднината.
Хенри Дејвид Торо

Судбината на човекот го одредува или, поточно, го назначува неговото сопствено самопочитување.
Хенри Дејвид Торо

Како било, убеден сум дека Бог не игра коцкички.
Талес

Залудно страв, копнеж и мрморење,
кога судбината води во темнина;
Во неволја е секогаш ново искуство
Корисно за духот и умот.
Омар Кајам

Се чини дека нашите постапки се родени под среќна или несреќна ѕвезда. Нејзе ѝ ги должат повеќето пофалби или укори кои ќе ѝ паднат на судбината.
Игор Губерман

Судбината сè договара за благосостојба на оние на кои им е покровител.
Франсоа-Мари Аруе Волтер

Добродетелствата нè ослободуваат од доминација на порокот, но само храброста нè ослободува од власта на судбината.
Франсоа-Мари Аруе Волтер

Храброста ги прави ударите на судбината безначајни.
Гистав Флобер

Кочијата нема да се вози на едно тркало. Значи, судбината не е среќна сè додека самиот човек не почне да ѝ помага.
Демокрит

Мудроста доминира со совети, а судбината со настани.
Хелена Петровна Блаватски

Движечката сила на Небото е непојмлива. Таа се свиткува и исправува, се исправува и свиткува. Таа глуми херои и крши херои. Благороден маж е подложен дури и на неволја. Живее во мир и е подготвен на перипетии на судбината. А Небото тука не може ништо.
Клод Адриен Хелвециус

Судбината го води оној што го сака тоа, го влече неволниот.
Конфучиј

Можеби, мислам, е вистина дека судбината контролира половина од нашите постапки, но ни остава да ја контролираме другата половина или така нешто.
Николај Николаевич Миклухо-Маклај

За своите катастрофи луѓето се наклонети да ја обвинат судбината, боговите и сè друго, но не себеси.
Парацелзус

Судбината не е случајност, туку работа на избор; не се очекува, туку се освојува.
Тит Макиј Плаут

Насејте навика и ќе ожнеете карактер, насејте карактер и ќе ожнеете судбина.
Вилијам Брајан

Во секој момент мораме да ја отелотвориме судбината и во краткото време кое ни е доделено да преземеме максимална одговорност.
Френсис Бекон

Сечиј живот е подложен на сопствена судбина.
Никој не може да избегне грешки.
Ку Јуан

Судбината на највисоките вредности и светости е поврзана со таков принцип како што е слободата.
Николај Лоски

Без сомнение, поважно е како човекот ја прифаќа судбината од она што таа заправо е.
Вилхелм фон Хумболт

Животот не дава ништо бесплатно, а на сè на што судбината му е предочена има своја цена потајно одредена.
Штефан Цвајг

Значи, сè што постои на светот е обележно со самата судбина.
Но, посебен знак е тврдоглавоста на душата и умот.
Си Тиао

Судбината е секогаш на страната на мудреците.
Еврипид

Оние што помалку се потпирале на милоста на судбината, подолго ја држеле власта.
Николо Макијавели

Знајте да бидете свој и никогаш нема да станете играчка во рацете на судбината.
Николо Макијавели

Во животот е секогаш така: се обидуваме, правиме планови, се подготвуваме за едно, а судбината ни дава нешто сосема друго. Од незаситен освојувач кој е во состојба да го проголта целиот свет, до скромен слепец што го води пес, сите ние сме играчки на нејзините хирови. И, можеби, слепецот кој го следи песот следи повистинит пат и е помалку веројатно дека ќе биде измамен во своите очекувања одошто првиот слепец со сета своја придружба.
Пјер Бомарше

Секој е ковач на својата судбина.
Гај Јулиј Цезар

Судбина на најмоќните е да бидат ограничени во слободата: лишени се од пријателство, немаат право да ја искусат омразата, а камо ли лутината.
Гај Јулиј Цезар

Судбината создава окови за телото и ѝ штети на душата. Слободен телесно, но со слаба волја на духот-роб. Затворен во кафез, но со душата не подарен на судбината-слободен.
Епиктет

На никаква надворешна присила не може да се потпре човек, ни на ментално ни на морално ниво, кога таа самата на неа не сака да остане.
Николај Чернишевски

Ние го создаваме своето богатство и го нарекуваме судбина.
Бенџамин Дизраели

Сè што неочекувано ќе ги промени нашите животи не е случајно. Тоа е во нас самите и чека само надворешен повод за изразување со делување.
Валериј Брјусов

Каква игра на судбината е човечкиот живот! И како чудно се менуваат тајните пружини што управуваат со нашите инстинкти со промената на околностите! Денес го сакаме она што утре ќе го мразиме; денес го бараме она што утре ќе го избегнеме. Утре ќе се тресеме од самата помисла на она по што денес чезнееме.
Даниел Дефо

Секој сам ја крои својата судбина, а таа секого.
Иван Тургењев

Додека судбината не нè победи, мораме да ја водиме за рака, како дете, и да ја камшикуваме; но ако нè освоила, тогаш мораме да се обидеме да ја сакаме.
Фридрих Вилхелм Ниче

Судбината е интригантна и тврдоглава.
Таа пред никого не се срами.
Абул Касим Фирдоуси

Размислете пред да ја предизвикате судбината: што ако таа тоа го прифати.
Борис Крутиер

Судбината најрадо им се смее на идеалите и пророштвата на смртниците-и, мора да се мисли, во тоа се огледа нејзината голема мудрост.
Лев Шестов

Заобиколувајќи нè, судбината одлучува за нештата.
Петрониј

Погрешно е да се заклучи дека судбината го усреќила човекот сè додека неговиот живот не се доврши.
Софокле

Ретко кога судбината им застанува на патот на мудрите.
Епикур

Во превртливостите на судбината не можеме да се потпреме на врските на пријателството или гостопримството; впрочем, само ретки не им дале пријатели на крвници кои кај нив побарале прибежиште.
Плутарх

Судбината е таинствена и несфатлива ствар.
Плутарх

Судбината понекогаш премногу замавнува кога сака полека да нè погоди. Изгледало дека ќе нè згмечи, а заправо само ни сплескала комарец на челото.
Готолд Ефрем Лесинг

Избирајќи ги боговите, ја избираме својата судбина.
Вергилиј

Нема прелиминарни преговори со судбината.
Вергилиј

Случајот не е ништо. Случајот не постои. Така сме ја нарекле активноста чија причина не ја разбираме. Нема дејствување без причина, нема постоење без причина на постоење.
Вергилиј

Фортуна не е само слепа, туку ги заслепува и своите фаворити.
Виктор Иго

Не доаѓа сè што се случува од судбината. Нешто е во нашата моќ.
Карнеад

Од мрзелив, неподвижен човек, најмилосрдната судбина, како најработлив ткајач без ткајачки разбој, нема да создаде ништо освен брак.
Томас Карлајл

На судбината ѝ ги припишуваме сите несреќи, а ниеден успех.
Шарл Режиманс

Или Бог го допуштил тоа, или универзалниот механизам наречен судбина сакал во текот на животот да бидеме изложени на секакви несреќи; ако си мудар и подобар татко од мене, ти од мали нозе ќе го убедуваш својот син дека е господар на својот живот, да не се жали на тебе кој си му дал живот.
Дени Дидро

Судбината не лебди како орел, туку стрела како стаорец.
Елизабет Бовен

Никогаш не се знае колку е судбината во нас, а колку сме ние во судбината.
Јан Збигњев Слоевски

Не можеш да избегаш од својата судбина; со други зборови, не можеш да ги избегнеш неизбежните последици од сопственото делување.
Фридрих Енгелс

Секој чекор, секое дело е тула на судбината.
Фридрих Енгелс

Судбината е пат од непознато кон непознато.
Платон

Во судбината нема сериозно без смешно, нема одредиште без пристраност.
Мухамед Азахири Ал-Самарканди

Од сите неправди на судбината, раздвоеноста е најстрашното нешто за срцата.
Мухамед Азахири Ал-Самарканди

Што се однесува на одредено знаење, кое се чини како некој вид судбина, тогаш само треба да го отстраните од него обликот на надворешна нужност. Човекот мора слободно да ја избира својата судбина, како и на ист начин да ја издржи и исполни.
Георг Фридрих Хегел

Како е милосрдна судбината! Таа се обидува да ги обедини луѓето со ист ум, со ист вкус, со исто расположение.
Денис Иванович Фонвизин

Човекот не е ни повисок ни понизок од другите; сè што постои во сублунарниот свет подлежи на ист закон и има иста судбина.
Мишел д Монтењ

Судбината не ни донесува ни зло ни добро, таа снабдува само сурова материја и на едното и на другото и семе кое е способно да ја оплоди оваа материја.
Мишел д Монтењ

Сè што може да се замисли може да се оствари со човечки напори. Она што го нарекуваме судбина само се невидливи својства на луѓето.
Мишел д Монтењ

Многумина би се помириле со Судбината, но и Судбината има што да каже.
Станислав Јержи Лец

Немојте да имате безгрижни денови. Судбината сака да нè изигра-да ги преврти нашите претпоставки, да нè изненади. Талентот, разумот, храброста, дури и убавината-сите мора да бидат претпазливи: денот на слепо невнимание ќе биде ден на нивен пад.
Грацијан и Моралес

Судбината на секој човек го креира неговиот сопствен морал.
Непос Корнелиј

Кој цврсто знае што треба да прави-ја кроти судбината.
Непос Корнелиј

Ако судбината му посебно наклонета на човекот и сака да му пружи најголема среќа на светот, таа му прави пријатели.
Ернст Талман

Човекот е почеток на самата судбина која го чека.
Еријан Шулц

Тркалото на судбината се врти побрзо од крилата на ветерница, а оние што вчера биле на врвот сега се фрлени во прашина.
Мигел де Сервантес

Во несреќа судбината секогаш остава врата за излез.
Мигел де Сервантес

Судбината им е наклонета на оние претпријатија во кои успехот зависи исклучиво за нас.
Мигел де Сервантес

Луѓето од судбината направија семоќна божица за врз неа да ги фрлат своите глупости.
Аксел Оксешерна

Судбината, како раскалашени жени, никогаш не е толку опасна како кога ќе ги списка своите милувања.
Аксел Оксешерна

Чест на оние кои пред судбината не го соборуваат погледот.
Шарл де Гол

Судбината обично чека зад аголот. Како крадец, курва или продавач на среќки; нејзините три најчести отелотворувања. Но во куќни посети не оди. Треба да се направат тие неколку чекори.
Карлос Руиз Зафон

За изградбата на судбината речиси секогаш е потребна лудост.
Маргерит Јурсенар

Судбината е иста за човекот ако се повлекува и ако силно се бори. Човекот кој не направил ништо умира, како и оној што направил многу.
Хомер

Злосторство е да се живее против својата судбина.
Лудвиг Вацулик

Традицијата е одржување на континуитет на врската меѓу човекот и трансцедентниот свет, свеста за човековото божествено потекло и чувањето на боголикоста како единствена задача на човековата судбина.
Рене Генон

Контролирајте ја својата судбина зашто тоа некој ќе го направи наместо вас.
Џек Велч

Верувам дека однапред се одредени само картите кои ги добиваме. Поединецот за почеток сам одлучува како ќе игра со нив.
Зак Голдсмит

Да се избега значи да се негира судбината. Да се негира судбината значи да се биде слаб. Да се биде слаб значи да се биде победен.
Бела Хамваш

Нашата слободна волја е испреплетена со нашата судбина. На некој начин, низ слободната волја ја исполнуваме својата судбина.
Сејед Хосеин Наср

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here