ИЗЛИВИ ОД ИЗВОР ДО ВЛИВ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

146. Мисла безгранична

Безгранична ми е мислата
за лет од мрачина до виделина.

 

147. Снага

Се сронила карпа уривајќи се
од врв неосвоен до река отруена.

 

148. Свената убост

Ништо не преродува
убост со студено срце.

 

149. Искрено

Се радувам како мало дете
кога откривам жива земја.

 

150. Мој збор

Заскитал мој збор
во нечуен говор.

Leave the first comment