Потребно време за читање: < 1 минута

36. Порив

Не спие во ниедно доба;
како денот што иде
да ќе му биде последен
жизнен
пред ни навестена смрт
со каква било болка.

Го држи буден
порив пред творење
на ново дело
што него ќе го докажува.

Загрижен е откога
огнот во неговата крв
како да почна да ја губи
силата,
видливо да гасне.

Не мисли, а се надева
дека е како сите пориви
пред него.