Потребно време за читање: 2 минути

Со опсежно истражување е откриено дека занимањата откриваат многу нешта за машките сексуални способности.

Мошне интересното истражување на Интернет порталот „Redbook“ открива дека професијата за која се определил некој од припадниците на посилниот пол може доста да каже за тоа какви се неговите љубовни способности.

„Добиените резултати имаат смисла. На пример, ако е мажот механичар и деновите ги минува проучувајќи и поправајќи најразлични машини, природно е дека ќе знае како да го истражува и допира женското тело“, објаснува сексуалната терапевтка Линда де Вилерс.

Еве што занимањето на мажот открива за неговите сексуални способности:

Мажи во униформа

Како што покажало истражувањето, полицајците, пожарникарите, војниците, пилотите и останатите мажи кои носат униформа се мошне вешти в кревет. Мошне им е важно жената да биде задоволена, а испитаничките кои се во врска со некој од нив истакнуваат дека сексуалниот живот им е одличен или мошне добар. Единствено што им недостасува е малку повеќе авантуризам в кревет.

Прочитај и за ... >>  Машка криза на средните години

Лекари

Тие в кревет се мошне нежни и романтични. Добри се во оралниот секс, но лоши во предиграта. Мана им е и тоа што сексуалниот однос со нив трае прилично кратко. Сепак, добра вест е дека одржуваат мошне редовен и активен сексуален живот.

Продавачи

Секс сакаат секој ден, а обожаваат играње на улоги, како и користење на секси играчки. Не сакаат кога жената ќе им одбие секс и се подготвени долго да ја наговараат да се согласи. Како љубовници знаат да бидат по малку напорни, а сексот со нив понекогаш трае прекратко.

Работници во фабрика

Жените кои биле или и натаму се во романтичен однос со работници во фабрика (независно од нивната позиција на работа) велат дека тие мажи, за жал, не се баш највешти љубовници. Сексот не им е чест, а притоа и не трае долго. Сепак, мора да им се признае дека тој со нив знае да биде вистинска авантура.

Прочитај и за ... >>  Помеѓу компромисот и толеранцијата

Учители и професори

Тие тешко прифаќаат одбивање секс, а го сакаат често. Поточно, секој ден! Мошне се добри во предиграта, но сексот со нив не трае долго. Сакаат да се галат по водењето љубов, што на жените многу им се допаѓа.

Уметници

Дамите кои ги испробале велат дека се неверојатни љубовници, кои и тоа како знаат како да ја задоволат жената. Многу се добри во предиграта, а големо внимание посветуваат на тоа партнерката да доживее барем еден оргазам. Недостаток им е тоа што понекогаш запаѓаат во периоди кога се сосема незаинтересирани за секс.

Менаџери

Како што покажало истражувањето, менаџерите се мошне добри љубовници и, за чудо, сакаат да се галат. Добри се во оралниот секс, но на самата предигра и посветуваат мошне малку внимание. Понекогаш се чини дека им е поважно сопственото задоволство отколку уживањето на нивната мила.

Архитекти и инженери

Нивните партнерки велат дека се мошне креативни и инспиративни љубовници. Сакаат секси играчки и се трудат да ја задоволат жената. Единствена мана им е тоа што понекогаш толку се занесуваат со предиграта што жената по некое време губи волја.

Прочитај и за ... >>  10 свирепи работи што ги прават жените

Механичари

Истражувањето покажува дека се најдобри во оралниот секс, уште подобри во предиграта, зашто знаат како треба да го допираат женското тело. Секс би имале повеќе од два пати неделно, а мана им е што неретко веднаш по сексот тонат во сон.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here