Топ пет митови за контрола на домашниот буџет

0
60

Понекогаш не ви е јасно каде исчезнуваат сите тие тешко заработени пари. Само ќе се најдете во ситуација на крајот од месецот да спојувате крај со крај и да исчекувате нова исплата.

Многумина така живеат. И иако тоа им претставува голем извор на стрес, штедењето и одрекнувањето не им е најдрага опција. За жал, на располагање имаат две солуции: или да се помират со својата судбина дека немаат лова или да си ускратат по некое задоволство и да се научат да располагаат со својот буџет.

Сакате ли да заштедите и помалку да трошите? Постојат начини. За жал, некои од нас едноставно не знаат како и од каде да тргнат. И наместо да научат, порадо веруваат во овие митови:

  1. Трошоците треба да се пресечат наеднаш

Ако вака сте ги поставиле нештата, тогаш веројатно сте поставиле и нереална цел. Ќе потрошите многу време и енергија штедејќи по малку на разни страни, и поради бројни причини веројатно нема да видите позначајно поместување.

Вистинскиот пристап е да си одредите приоритети на сечење на трошоците. За почеток, добро промислете за тоа како можете да ги зауздате своите издатоци во едно подрачје и работете на тоа секој месец.

Ако тоа подрачје ви претставува голем залак, тогаш префрлете се на некое друго и обидете се. Кога еднаш ќе бидете задоволни со своите трошоци, тогаш фокусот префрлете го на друго проблематично подрачје.

2. Не е битно на кој ден ги плаќам своите сметки

Можеби мислите дека не е битно на кој ден ги плаќате своите сметки се додека ги плаќате на време, но тогаш сте во голема заблуда.

Би било најдобро да земете траен налог за плаќање на сметки. На тој начин тие ќе се исплаќаат уште на почетокот од месецот (или кога ќе добиете плата), а вие точно ќе знаете со колку пари уште располагате до следната плата.

Кога тоа ќе го знаете, лесно ќе дознаете и колку дневно смеете да потрошите, а да не го загрозите својот буџет.

3. Контролирање на трошоците е лесно

Трошоците ги контролирате единствено ако сте запознаени со тоа каде всушност одат парите. Можете да се обидете сѐ да плаќате со картичка и тогаш на крајот од месецот ќе видите каде отишле парите.

Или сметките собирајте ги рачно и водете евиденција-иако е малку „покомплицирано“, тоа е најдобар начин точно да видите каде одат вашите пари.

4. Не е битно кога ќе се „почестите“

Битно е. Потрошувачката на задоволства и луксузи е најдобро да ги оставите за крајот од месецот. Во тоа чекање може да ви се случи и да ви мине волјата за некој предмет, услуга или што друго да ви било на ум.

Но, уште побитно од тоа, на крајот од месецот можете јасно да видите дали воопшто можете тоа нешто да си го овозможите во овој месец. Ако со тоа ќе отидете во минус, не ни помислувајте на купување и чекајте малку попогоден период.

Ако успеете да бидете дисциплинирани со своите пари- наградете се!

5. Долгот е дозволен

Сте со убедување дека долгот на сметката и не е голема работа се додека месечно го отплатувате.

Но ако имате долг, ќе имате и поголеми потешкотии со балансирање на домашниот буџет. Поради тоа, отплатата на долгот нека ви биде приоритет. Кога тоа ќе го направите, тргнете со фазата број два.

(Преземено и преведено од:http://www.pametnakuna.hr/)

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion