Потребно време за читање: 3 минути

82% од мажите кои излегуваат со своите пријатели повеќе од еднаш во текот на работната недела (понеделнк-петок) заработуваат повеќе пари од своите колеги, а и приватно се посреќни. Видувањето со пријателите во текот на неделата има позитивен ефект врз животите на луѓето-чувствуваат дека постигнале повеќе, покажа едно истражување.

Глобалната студија за друштвените навики на мажите, што ја спроведе „Nivea for men“ , ги откри ставовите на над 15.500 испитани мажи од 17 земји. Студијата покажа дека, во согласност со општото мислење оти вообичаено време за излегувања е викендот, 35% мажи одлучиле да не излегуваат во текот на работната недела. На овој начин стануваат опседнати работохолици (зависници од работа), кои се секогаш дома-наведувајќи го притисокот на работа како причина зошто ја прескокнуваат забавата во текот на неделата.

Звонимир Стефановиќ, „Nivea for men“ бренд менаџер, коментира:

„Нашето истражување покажува дека пријателите можат да бидат клуч за успех-како во работата, така и во животот. 100% испитани изјавија дека видувањето со пријатели во текот на работната недела има позитивен ефект врз нивните животи, ги прават посреќни и чувствуваат дека постигнале повеќе. Ги повикуваме мажите да најдат време за своите пријатели и за дружења во текот на неделата“.

Прочитај и за ... >>  За Амишите

Сепак, не изненадува податокот дека од оние што се одлучуваат за забава, голем процент сепак ги скратуваат своите излегувања во споредба со оние во текот на викендот, за да бидат свежи следниот ден на работа. „Nivea for men Skin Energy“, линија на производи за нега на кожата, внимателно е креирана за мажи кои се што прават прават до крај-било на работа или во забава, за да не изгубат драгоцено време во забава (зашто најдобрите работи се случуваат подоцна), а притоа и на работа
изгледаат како по мирно проспиена ноќ.

Заслуженото парче слобода во текот на работната ндела е нешто од што се одрекнуваат многумина. За сите оние кои често мечтаат да седнат во авион и да одлетаат во незаборавна забава „Nivea for men“ организира конкурс кој победникот и негови двајца пријатели ќе ги одведе на забава за паметење во европската престолнина на забавата-Берлин! Се разбира, се подразбира дека таа е закажана во работен ден. Се што треба да се направи е да се постави фотографија од поминот на сајтот www.energicno.rs и да се повикаат пријателите да гласаат, а лицето чија фотографија ќе освои најмногу гласови освојува наградно патување. Сите додатни информации за конкурсот можат да се најдат на сајтот.

Прочитај и за ... >>  Колку жени имал Тито ?

Бразилците се најдруштвени!

Момците од Бразил се на врвот според бројот на блиски пријатели (со просек од 10,44 блиски пријатели), а ги следат Кинезите (9,24). Во Европа, најдруштвени се Португалците (8,82) и Белгијанците (7,22) кои имаат повеќе блиски пријатели одошто мажите во другите европски земји.

Помеѓу оние што имаат најмалку пријатели се Полјаците (6,06) и Финците (5,94)-а апсолутно најмалку време за пријателите имаат Германците. Дури 24% Германци изјавиле дека немаат време да ги видат пријателите во текот на работната недела, што им ја обезбеди титулата најмалку друштвени луѓе на светот.

Јади, пиј и весели се…

Одењето во ресторан со пријателите е најчеста активност за оние мажи кои излегуваат (за дури 63% мажи). Кина е на врвот на пописот (83%), по што следат Индија и ОАЕ-Обединети Арапски Емирати (76%). Франција, единствената европска земја помеѓу првите пет, е четврта (69%). Заминувањето на пијалок е активност која ја упразнуваат 56% испитани, занимавањето со спорт 39%, а одењето во кино 36%.

Заминувањето на пијалок со пријателите порано било најчест повод за излегување во Европа, со 73% мажи кои тврделе дека ова е активноста на која најчесто мислат кога ќе се спомне вечерно излегување. Од десет најдобро пласирани земји на „табелата на пијалакот“ девет се европски- вклучувајќи ги Полска (77%), Италија (71%), Швајцарија (70%), Германија (65%) и Шпанија (64%).

Прочитај и за ... >>  Дефинитивно потврдено: музиката лечи

Работата е приоритет #1 за мажите, но важноста на добар, негуван изглед расте. Кога излегуваат, за 74% мажи работата е тема на разговор. Парите како тема се на второ место (61%), а следат жените (60%), спортот (59%) и технологиите (57%). Модата (21%) и негата (13%), иако не се во првите пет теми, се повеќе се присутни во разговорите. Меѓутоа, две петини од кинеските (42%) и индиските (40%) мажи редовно разговараат за облеката со своите пријаели при излегувањето, како и четвртина мажи од ОАЕ и Германија, 23% од Јужна Африка, а 21% од Шпанија.

Рано в кревет и рано од кревет…

Кога е збор за заминувањето дома, 40% мажи од целиот свет тоа го практикуваат помеѓу 22 и 23 часот. Мажите од ОАЕ (19%) и Индија (18%) први заминуваат дома помеѓу 20 и 21 часот, додека Италијанците, Португалците и Шпанците своите ноќи во забава ги завршуваат најдоцна, околу 1 часот по полноќ.

(Извор: http://www.b92.net)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here