Квин (Queen) е британска рок група формирана во 1970. во Лондон. Ја основаа Брајан Меј, Фреди Меркјури и Роџер Тејлор (Brian May, Freddie Mercury, Roger Taylor). Џон Декон (John Deacon) се придружува следната година.

До 2000. година  беше најуспешен британски бенд, познат најнапред според тоа што воведе сосема нов вид на пристап кон музиката, вокални хармонии, а имаат несомнен придонес и во учеството на публиката при настапите во живо.

Интернационален успех постигнува по 4 години (1974.), со албумот „Sheer Heart Attack“. Сите наредни албуми ги освојуваа врвовите на светските топ листи.

Од 1973. бендот издаде 15 студиски албуми, 5 албуми во живо и многу компилации. До 2004. продаде повеќе од 300 милиони примероци ширум светот, вклучувајќи повеќе од 35,5 милиони само во САД.

По смртта на Фреди Меркјури во 1991. и заминувањето во пензија на Џон Декон во 90-тите на 20. век, Меј и Тејлор колаборираат со Пол Роџерс под називот Queen+ Paul Rodgers.

Името на групата го смислил Фреди, а е забележана неговата изјава:

„Го смислив името Queen. Тоа е само име, но е мошне впечатливо, очигледно и звучи одлично. Силно е, универзално и јасно. Има многу визуелен потенцијал и е отворено за сите видови на интерпретации“.

Од историјата на Квин:

Во 1969. година гитаристот Брајан Меј, студент на Лондонскиот Империјал Колеџ, и басистот Тим Стафел формираат група на која се придружува и тапанарот Роџер Тејлор, студент по стоматологија. Ја нарекле „Smile“ и им станала поддршка на бендови како што се бендот на Џими Хендрикс, потоа Пинк Флојд, Јес и оригиналниот Џенезис. „Смајл“ го ангажира Фреди Меркјури во 1969. и со него го имаа првото искуство на снимање на албум во Trident Studios истата година. Стафел учел во Ealing Art College заедно со Farrokh Bulsara, подоцна познат како Freddie Mercury и и го претставил на групата.

Кога Стафел ги напушта во 1970., за да и се придружи на друга група (Humpy Bong), „Смајл“ веднаш престанал да постои. Булсара ги убедил Меј и Тејлор да продолжат, менувајќи го името во „Квин“ (Queen).

Басистот Џон Декон се придружува во 1971. и групата почнува да вежба за албум. Во 1973., по многу одлагања, Queen го објави својот прв албум кој беше добро примен од страна на критиката. Сепак, не беше доволно промовиран. Песните беа инспирирани од heavy metal-от и прогресивниот рок.

Потоа следуваат албумите: Queen II (1974), Sheer Heart Attack (1974), A Night at the Opera (1975), A Day at the Races (1976), News Of The World (1977), Jazz (1978), The Game (1980), Flash Gordon (1980), Hot Space (1982), The Works (1984), A Kind of Magic (1986), The Miracle (1989), Innuendo (1991), Made in Heaven (1995).

Логото на Queen, познато како „Квинов венец“, го дизајнирал Меркјури (кој имал диплома на колеџот Illustration and Graphic Desagin od Ealing Art), пред самото издавање на првиот албум. Ги содржи зодијачките знаци на сите членови: два лава за Декон и Тејлор, рак за Меј и две девици за Меркјури. Лавовите прегнуваат стилизирана буква Q, ракот се одмора на врвот на буквите со оган кревајќи го точно над, а девиците се наоѓаат под лавовите. Целото лого се наоѓа под феникс. Тоа неодоливо потсетува на грбот на Кралската армија на Обединетото Кралство.

Queen беше сестрана група, користеше многу видови на музика во своите песни (вклучувајќи и опера), а денес може да се поврзе со  arena rock, dance music, glam rock, heavy metal, pop rock и psychedelic rock. Има и песни во стилот на country, ragtime, opera, gospel, vaudeville и folk.

Експериментираше и со punk rock-от и speed metal-от. Сите членови на групата напишаа големи хитови, на пример Freddie Mercury „Bohemian Rhapsody“, Brian May „We Will Rock You“, Roger Taylor „Radio Ga Ga“, John Deacon „Another One Bites The Dust“.

Се издвојуваат три главни настани: во 1999. Queen е изгласан како втор најдобар бенд во историјата на музиката, во 2005. настапот на Live Aid два пати е изгласан како најдобар live кога било и во 2007. бендот е прогласен за најдобар британски бенд на сите времиња.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion