Пословици за Божик и Христос

0
19
Раѓањето на Исус Христос
Раѓањето на Исус Христос

Носи го Исуса во себе за да го совладуваш Времето. Верувај во твојата моќ за да не те совлада туѓа, ама верувај и во Бога за најмногу од се божествено да ти е.


Македонски народни пословици

Ако нема на Божиќ бело, ќе нема на Ѓурѓовден зелено.
Арно Божиќ иди, туку со што ќе не најди?
Лажни солзи Господ не прима.
Божик сос криво магаре иди.
Божиќ (е) тучалник, (а) Велигден џиџи- миџи.
Да живее од Бадни вечер до Божиќ.
На Б`дник петел јадеа, на Божиќ расол.
Пред Божиќ, зад Божиќ, каде да си, дома да си.
Иако било времето добро до декември, околу крајот на месецот, пред Рождество Христово, тогаш бездруго ќе се расипе и ќе имаме зима, а можеби и лута.
Сам Христос работеше, да ние да не работиме?
Се мачит како Риста. Се мачит како светец.
Ќешке да не се родеше Јуда, одошто го предаде Христа.
Христос воскресна од мртвите, за да `и оживи умрените и да пострами Евреите.
Христос се роди за да не спасит.
Христос ќе дојди со ангелите и со светците, за да судит живите и умрените.
Бога да молиш и лошо да праиш, не веруј да се спасиш.
Бог да не пази од сиромашија и од простотија.
Бог да не чуа од препраени светцни.
Бог да те чуа од домашен арамија.
Бог да те чува од тамавќар и од завислив.
Бог е во срцата на тие што го бараат.

Пословици од народите на светот

Разликата помеѓу бог и човек е во тоа што бог господари со незнаењето, а незнаењето господари со човекот. (Индиска)
Што бога го прави среќен? Да види сиромашен ѓавол кој нашол богатство и го враќа назад. (Еврејска)
Кога бог би живеел на земја, луѓето би му ги искршиле прозорците. (Еврејска)
Во што се состои вербата?
Да се прави што е можно помалку зло, а добро да се прави во изобилство.
Тоа не се празноверни ритуали кои треба да се исполнат.
Добрина спрема послабиот, почит спрема оние кои тоа го заслужуваат, контрола над самиот себе и добронамерност спрема сите суштества.
Ете го ритуалот кој треба да се исполнува на секое место (Будистички запис)