Потребно време за читање: < 1 минута

Неблагодарност за сторено добро оти не требало да се стори. Не e грешено стореното, ами мислата дека кога нема возврат, барем благодарност ќe има.

Колку неблагодарни луѓе на чекор од нас, во чекор со нас. Во недоброј, во недоглед, во немерност. Од што луѓе ни на времето кое по ред си иде не му се благодарни.

А куче што не те знае и да го раниш ќе те лае.

МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПОСЛОВИЦИ:

И Еѓупците пари имаат, ама чес немаат.
И куче од сој се бара, а не чоек да не се бара.
Како он, така ѓон.
Како таткото, така и сино.
Како семката, такваа и ластинката.
Којшто не се чести сам, никој не го честит.
Крушата под круша паѓа.
Курвино копиле.
Богат, ама не од сој.
Рани куче да те лае.
На габер сливи не се раѓа.
У бесчестен чоек чоештина не барај.
Од Еѓуптин поп не бидуа.
Од лајно плитар не се праи.
Од лош чоек чоештина не барај.
Од лепешка зелник не бидуа.
Од свиња мев не бидуа.
Од црн излезе поцрн.
Сој ковар.
Од турцки: по сој се тера.
Сојо му је таков.
Лош.
У Еѓуптин кисело млеко нема.
У Еѓуптин чоештина нема.

Прочитај и за ... >>  Беља, Неола-Невоља, Несреќа

ПОСЛОВИЦИ ОД НАРОДИТЕ НА СВЕТОТ:

Ако сееш кактус, не очекувај грозје. (Арапска)
Рани куче- на тебе да лае. (Бугарска)
Неблагодарноста најмногу ги учи луѓето да бидат лоши. (Латинска)
Ништо полошо од неблагодарен човек, таков земја не раѓа. (Латинска)

 

Фото: извор

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here