Потребно време за читање: 2 минути

Дека фудбалерите се паметни луѓе се покажало многупати досега, и на теренот и надвор од него, а особено кога треба(ло) да се изведе некоја мајсторија за да се направи пресврт во играта.

Одамна се знае дека врвните спортисти се обично поинтелигентни, посилни и повешти од другите. Најдобрите фудбалери имаат способност да го предвидуваат текот на мечот и да бидат на вистинското место во вистинско време. Во тоа многу не им помагаат паметните копачки.

Имено, иако ги бие глас дека не се баш „најбистри“, една студија на шведски научници покажа дека професионалните фудбалери постигнуваат врвни резултати на тест на интелигенција. Дури се потврди дека тие спаѓаат во еден од најпаметните слоеви на населението. Најдобрите играчи размислуваат побрзо и покреативно од оние што не се занимаваат со спорт.

„Фудбалерите се интелигентни. Понекогаш ни изгледаат глупави само поради недостиг на адекватно образование. Нашите податоци покажуваат дека невропсихолошките тестови можат да го откријат капацитетот на играчите да напредуваат во фудбалот. Оваа студија ќе го промени начинот на кој се анализираат и посматраат спортовите со топка и како ќе бидат избирани идните таленти“, наведува еден од авторите на студијата објавена во журналот PloS One.

Прочитај и за ... >>  Ски бонтон: 10 важни правила на патеката

Студијата на шведските научници содржи резултати од тестови на когнитивните функции на мозокот, на кои фудбалерите покажале врвни резултати.

Тоа е уште една потврда дека спортот, науката и медицијната во овој-21. век се нераскинливо поврзани, а резултатите на одделни истражувања соборуваат многу предрасуди.

Еден од авторите, Торбјорн Вестберг, во интервју за „Тајмс“ наведува дека фудбалерите можеби само изгледаат глупави, но се мошне паметни:

„За да бидеш фудбалер мораш да имаш добри физички предиспозиции и брзина. Но тоа е се залудно ако немаш памет како тоа да го искористиш. Тие не се глупави, тие се мошне паметни. Нивниот проблем е што со фудбал почнуваат да се занимаваат од мали и така го запоставуваат образованието, па понекогаш знаат да делуваат глупаво“.

Користени се стандардизирани тестови за мерење на извршните функции на 31 маж и 26 жени кои се занимаваат со фудбал. Тие се ангажирани од 26 тимови на шведската Allsvenskan лига и уште од 5 прволигашки тимови. Играчите од обете групи покажале далеку подобри резултати од лицата кои не се занимаваат со спорт, а Allsvenskan фудбалерите се рангирани во првите 5% од вкупната популација. Тие исто така ги надминале своите колеги од првата лига. Истражувачите потоа следеле како играат најинтелигентните помеѓу нив и колку голови даваат.

Прочитај и за ... >>  Кој ја направил првата топка?

Интересно е дека постои директна поврзаност помеѓу рангот на натпреварување и „паметните“ фудбалери, па така е утврдено дека играчите кои настапуваат во посилни лиги постигнуваат подобри резултати што опаѓаат кај оние кои настапуваат во пониски.

Меѓутоа, студијата за „паметта“ на фудбалетите не дала одговори дали занимавањето со фудбал им ги подобрило менталните функции или тие тоа го наследиле генетски, па потоа почнале да „трчаат по топката“. Шведските научници веруваат дека е најверојатно во прашање комбинација на тие два фактора.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here