Потребно време за читање: < 1 минута

49. Земја

Не може човек без свое парче земја. Сеедно големо или мало, секако важно за него, за друг и за други со него. Сеедно каде е, со кого е и до кога ќе биде. Не може без свое парче земја кога е на земја и кога е над земја. Неминовно под земја, по смртта и во паметењето.

Да, не може, но што и како со неа? Да, но што и како од неа? Се разбира жива, се разбира во живот, се разбира дури е тој жив. Но, и со друг и со други потоа.

Суштествено: в ред, не може човек без свое парче земја, а што ако е, без оглед дали го сака или не го сака тоа?

Замислување: каде, како и до кога човек без неа жив, во живот?

Јас на збогување со пријател, пред негово исчезнување, пред негов замин во своето парче земја. Во молк и тага, во немоќ пред крајот на краиштата на еден тежок живот; живот со многу надминати и ненадминати премрежиња, стравови, сомнежи.

Прочитај и за ... >>  ЖИВОТВОРНА СОНЧЕВИНА, наративна поезија, 9

Забележувам: на поврвнината песоклива, под неа мал слој сува глинеста земја, под неа слој црвеница, а под неа црница. Сите заедно во слој од помалу од метар. Врз неговиот ковчег секој фрла шака земја црница.     

Нека му е лесна и плодна.