Потребно време за читање: 3 минути

Резултати од истражување кои кај секого би требало да предизвикаат крајна загриженост и преземање на лични мерки на заштита. Најпрва, најпревентивна, дури итна е бегање од градот и живеење на село (ако е можно) или престој на село неколку часа, викенд, недела, годишен одмор (во зависност од работењето, ритамот на животот, навиките, можностите и сл. ).

Најнапред се укажува на здравствените последици за жителите на модерниот град: бебињата, како и децата кои израснале во урбани средини имаат физички и психички здравствени проблеми.

На почетокот од 20. век сенасе 14% од популацијата живеела во градовите. Сега тој број изнесува околу 50%, а се предвидува дека до 2050. година ќе достигне дури 70%.

Жителите на градовите би требало да имаат подобар живот во споредба со оние на село. Тие во просек се побогати и имаат повеќе можности кога станува збор за кариерата. Јадат поразновидна храна, уживаат поквалитетна здравствена нега и подобра хигиена. Меѓутоа, едно истражување покажа дека урбаниот живот значително го зголемува ризикот од хронични здравствени пореметувања, како што се менталните болести, артритисот, срцевите заболувања, ракот и неплодноста.

Прочитај и за ... >>  Уште една предупреда: Животот во градот не само опасен, туку и погубен за здравјето!

Дневното изложување на градската загаденост влијае и врз бебињата пред раѓање, правејќи ги наклонети на болести во текот на целиот живот.

Новороденчињата во градовите се поголеми и потешки, што при нормални околности е добар знак, но кога ќе се споредат плацентите на мајките во градовите и на оние од помирните места градските имаат повисоко ниво на хемиското загадување ксеноестроген во крвта. Тоа е индустриска хемикалија која влијае врз организмот слично како естрогенот, а се наоѓа во издувните гасови и во индустриските зони.

Освен што доведува до зголемен раст на фетусот, ксеноестрогенот се доведува и во врска со проблемите како што се дебелеењето, хиперактивноста, прераниот пубертет, неплодноста, како и ракот на белите дробови, на дојката и на простатата.

Градската загаденост може да доведе до метаболички промени кај децата кои подоцна доведуваат до зголемено ниво на шеќерот во крвта и поголема отпорност на инсулин.

Децата што растат во град ретко го напуштаат своето опкружување и многу помалку време минуваат на отворено. Во денешно време сенасе 20% деца играат на улици, додека некогаш биле 70% од нив.

Прочитај и за ... >>  Урбан еко живот

Престојот во затворени простории ги зголемува шансите за добивање на „висока миопија“- еден облик на кратковидост од кој половина од заболените ослепуваат во средните години. Најверојатна причина е недостигот од сончева светлина.

Градските деца исто така се поподложни на алергии и астма. Имено, оние што играта в кал, лежат на трева или шлапкаат во бари се изложени релативно на штетни микроби од земјата поради шпто создаваат отпорност на организмот. Од друга страна, чистите домови кои редовно се бришат со антибактериски средствва и се чистат со правосмукалка не му нудат можност на имунолошкиот систем да развие свој одбранбен механизам.

Истражувањето на Д-р Глин Луис, од Институтот за психијатриски болести во Лондон, покажа дека шизофренијата е 2 пати почеста кај мажите кои израснале во градско опкружување.

Луѓето кои живеат во град исто така имаат 39% поголем ризик од проблеми со расположението, како што се депресијата или биполарните пореметувања- напади на паника, есктремни фобии и опсесивна компулсивност.

Прочитај и за ... >>  Човекот и модерната живеачка

Младите жени од градовите 5 пати повеќе патат од пореметувања во исхраната, како што е булимијата.

Една германска студија докажа дека мозокот на лицата родени во градовите функционира поинаку. Научниците скенирале 2 мозочни региона задолжени за регулација на емоциите и нелагодноста, кои стануваат претерано активни при соочување со стресот. Кај испитаниците од село оваа реакција била значително намалена.

Урбаниот начин на живот, метежите и побрзото темпо претставуваат корен на многу ментални проблеми.

Не е потребно да се биде научник за да знаете дека селото благотворно влијае врз здравјето. Постои теорија наречена биофилија која тврди дека во текот на еволуцијата луѓето развиле природна наклонетост кон зеленилото и оти е сосема нормално што во недостиг на растенија чувствуваат нелагода.

Само 20 минути прошетка на свеж воздух придонесува за подобрување на состојбата кај децата со пореметување на вниманието. Но, луѓето од градовите се премногу зафатени за во природата да го побараат решението за своите здравствени проблеми.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here