Состојби на и траги од урбаниот- модерниот живот

Потребно време за читање: 3 минути

Податоци од 2007-ма година кои во меѓувреме многу не се променети, па мошне валидно ја илустрираат:

-незавидната состојба на урбаната живеачка;
-проблемот на абортусите и загрозата на жените од нив;
-самоубиствата;
-пушењето на цигари; и за
-„строгиот изглед“ на полицајците.
-Над 12 милиони жени во Турција се домаќинки и немаат никаква друга професија надвор од домот, јави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк, повикувајќи се на податоците од турскиот Државен статистички институт. Оваа бројка опфаќа 45% од невработеното население во Турција.


Од 52,4 милиони работоспособни лица во Турција, 26,8 милиони не работат, а од нив 12 милиони се занимаваат само со дејности поврзани со домаќинството. Околу 1,9 милиони невработени лица не бараат активно работа, но се подготвени да работат. Од нив над 1 милион се жени.

Околу 3,1 милиони граѓани во Турција се заведени како неработоспособни лица, а само 2,3 милиони се регистрирани како невработени;

-Бугарија е помеѓу земјите со највисок процент на абортуси кај жените, како и со најрана возраст на мајчинство, покажуваат податоците во извештајот на демографскиот оддел на Обединетите нации. Истражувањето е спроведено во 61 држава, каде што законодавството различно ги третира абортусите.

Прочитај и за ... >>  Евтини и корисни идеи за уредување на домот

Бугарија е помеѓу земјите каде што абортусот е регулиран со закон, со кој не се бара посебно да се изнесуваат причините за овој чин. Во Бугарија во 2003-та година имало 21 абортуси на 1.000 жени, на возраст помеѓу 15 и 44 години. За ниско се смета нивото под 10 на 1.000 жени.

Од сите земји во кои е вршено ова испитување, 16 имаат високо ниво – над 20.

Од друга страна, во Бугарија возраста на првата бременост е една од најниските во светот, се вели во извештајот на ОН;

-Во Војводина на секои 100.000 жители се случуваат 30 самоубиства, што е многу висока стапка на самоубиства во однос на светскиот просек, изјави директорката на новосадскиот Центар за емотивна поддршка и превенција од самоубиства „Срце“, Тања Бокун. Таа истакна дека резултатите од анкетирањето на младите за време на годинешниов фестивал „Егзит“ покажале дека кај 34% од нив во текот на годината доминираат негативни чувства, како страв, збунетост, тага, безнадежност. Од 195-мина анкетирани посетители на фестивалот, на возраст од 18 до 25 години, 31% одговориле дека некогаш во животот размислувале да извршат самоубиство. Од нив 12% рекле дека „имаат план“ како би се убиле, што според Бокун се карактеризира како поголем суициден ризик.

Прочитај и за ... >>  Штедливи сијалици? Не, благодарам!

Од вкупниот број на анкетирани, 8% навеле дека веќе некогаш во животот се обиделе да се убијат, покажале резултатите од истражувањето. Најчести мотиви за размислување за самоубиство се егзистенцијални: безнадежност и бесмисленост во врска со немањето перспектива, односно двоумењето како да се најде работа, дали да се остане во Србија или да се замине во странство. На младите како емотивна поддршка најважно им е разбирањето, а потоа довербата. 21% од анкетираните изјавиле дека не се подготвени отворено да зборуваат за самоубиството, бидејќи тоа за нив е табу тема.

„Лицето кое се обидело да изврши самоубиство воопшто не сака да зборува за тоа, бидејќи кај нас тоа се доживува како срам, пораз, кукавичлук, како ставање на печат на семејството“, додава Бокун;

-Граѓаните на Србија дневно пушат по околу 73 милиони цигари, за што трошат околу 3,4 милиони евра, објави српскиот весник „Данас“. Ваквите пресметки укажуваат дека на годишно ниво ова задоволство граѓаните Србија ги чини 1,35 милијарди евра.

Податоците од истражувањето за здравјето на луѓето во Србија, како што наведува весникот, покажуваат дека бројот на возрасните пушачи во земјата во последните 6 години е намален за 6,9%, а кај младата популација тоа намалување изнесува 7,4%.

Прочитај и за ... >>  Street art: графити

„Истражувањето покажа дека граѓаните на Србија сепак и натаму многу пушат“, заклучува весникот;

-Турските полицајци повеќе нема да можат да имаат мустаќи и брада, соопшти турското електронско издание „Журнал турк“, повикувајќи се на наредбата за облекување во полицијата, објавена во турскиот службен весник.

Наредбата вклучува унифициран код на облекување и надворешниот изглед на турските полицајци. Согласно текстот на полициските службеници им е забрането да имаат мустаќи и брада и да носат различни украси, како што се алки, обетки, синџирчиња, заедно со униформата. Фризурата на полицајците од машки пол треба задолжително да е куса, а кај жените, пак, долгата коса треба да е собрана во опавче. Мажите треба да носат црни чорапи, а жените со боја на кожа. Забрането е носење на пантолони со низок струк.

Согласно правилникот, жените, кои работат во цивилна облека не можат да облекуваат блузи и кошули без ракави или со многу отворени деколтеа, како и здолништа над коленото.

Leave the first comment