Здравје-Вода

Потребно време за читање: 3 минути

Осум чаши вода дневно за да не се дебелеете.

Водата е веројатно единствениот, најважен катализатор во губење на тежината и нејзиното одржување. Иако некои од нас ја земаат здраво за готово, таа е клучна за одржување на здравјето.

Референтни точки:

-без храна може да живеете со недели, но без вода само неколку дена;
-60%-70% од вашето тело е вода;
-дебелината го намалува процентот на водата во телото за речиси 45%;
-8-12 чаши вода се губат во текот на денот и тие мора да се надоместат;
-ако чекате да се напиете вода додека да ожедните, вашето тело може веќе да биде дехидрирано.

Водата го потиснува апетитот на природен начин и пиењето на доволно количество е најдобриот третман за задржување на течностите.

Пиењето на вода повеќе од препорачаните количества не може да предизвика надуеност или задржување на водата со нормално функционирање на срцето и бубрезите. Вишокот на вода брзо се елиминира и му дозволува на механизмот на вашето тело да функционира правилно. Треба да научите ке количество на вода ви одговара да ја внесувате, според потребата за одење во тоалет во текот на еден ден. Честите одења во тоалет се веројатно знак дека внесувате вода онолку колку што му е потребно на вашиот организам.

Ако имате постојан проблем со задржување на водата, причината веројатно е во поголемото количество на внесена сол. Преработената и конзервирана храна имаат огромно количество на сол во својот состав.

Споредба: половина шолја супа од домати содржи 760 mg натриум!

Една стара медицинска изрека вели: водата ја следи солта. Колку повеќе јадете сол, толку повеќе вашиот организам има потреба од вода за да се ослободи од неа. Ако не внесете доволно количество на вода во ваков случај, ќе се чувствувате надуени. Но ослободувањето од вишок на сол од организмот е лесно – само пијте што е можно повеќе вода!

За да ја задржите мускулната маса во текот на една диета, на вашите мускули им треба одредено количество на гликоген, на што може да се гледа како складирана мускулна енергија. Во ваков случај водата е потребна за да се формира гликогенот потребен за мускулната маса, па така некој кој држи диета, а е дехидриран, многу тешко може да го натера својот организам да го формира потребниот гликоген (и да ја одржи мускулната маса), за разлика од некој кој држи диета, а пие доволно количество на вода во текот на денот.

Всушност, секоја хемиска реакција во телото, за да се случува, вклучувајќи го и намалувањето на телесната маснотија, бара да се внесува вода.

Водата исто така помага и во ослободувањето на телото од токсичните материи. Во текот на процесот на намалување на тежината, телото има повеќе токсични материи од кои треба да се ослободи. Целата маснотија која ја прави самиот човечки организам има складирани токсини кои треба да се елиминираат. Без внесување на адекватно количество на вода, токсичните материи едноставно остануваат во системот.

Колку вода е доволно?

Во просек, еден човек треба да пие по осум чаши од 250ml вода во текот на денот. Тоа е околу 2 литра. Како и да е, човек кој има повеќе килограми од неговата нормална телесна тежина треба да пие по 1 литар вода на 25 килограми телесна тежина. Количеството на вода која треба да се испие може да варира и во однос на тоа дали личноста вежба или не и дали времето е топло и суво.

Водата треба да се пие ладна. Некои испитувања покажале дека пиењето на ладна вода всушност дејствува и врз согорувањето на калориите.

Кога телото го добива количеството на вода која му е неопходна за оптимално функционирање, течностите во телото имаат перфектен баланс.

Совети:

-водата помага во регулирање на опстипацијата;
-доколку можете, пијте ја водата со сламка. Така спречувате влегување на вишок на воздух додека пиете и нема да се чувствувате надуени. (Навистина функционира!);
-без разлика каде се движите, носете ладна вода со себе;
-пиењето на вода преку цевка ќе ви помогне да го намалите апетитот.

Leave the first comment