Потребно време за читање: 3 минути

Можеби некои не се сосема заборавени, некои си ги „врзал“ имињата за изуменото, ама на нив сигурно ретко и малку помислуваме. А сигурно за многумина и првпат (овде) читате или некогаш слушате.

Замрзната храна

На своето патување во Лабрадор во Канада, капетанот Кларенс Бридсеј (Clarence Birdseye) забележал дека тамошните жени ја оставаат храната надвор, на температура под нулата, за да ја одржат свежа, па сфатил дека продуктите ставени на мраз го задржуваат и својот оригинален вкус. Кога се вратил дома, основал компанија која се занимавала со производство и продажба на апарати за замрзнување на храна. Му тргнала работата, па започнал да се занимава и со продажба на замрзната храна, а првиот производ биле рибји стапчиња. Во таква форма рибата можела побрзо да замрзне и подолго да остане свежа, а тој производ и ден-денес е прехранбен хит;

Игри на маса

Пред „Ризик“, „Монополи“ и „Човеку, не лути се“, најпопуларна игра на маса била „The Checkered Game of Life“, која на играчите им овозможувала движење по означени полиња од дното спрема врвот. Ја креирал Милтон Бредли (Milton Bradley), роден во 1836. во Мајне. Работел во фирма која произведувала железнички превозни вагони. Но идејата му паднала на ум кога пријател му дал детска игра слична на „Човеку, не лути се“.

„The Checkered Game of Life“ е направена според истиот модел, но вклучувала движење по деловни и приватни (не)успеси. Играта станала хит во 1860. година и е продадена во 40.000 примероци за една година.

Прочитај и за ... >>  21-от век- век на нанотехнологијата

Milton Bradley Company станала исклучително успешна, а денес е дел од фирмата Hasbro, најголем светски производител на игра на маса и puzzle-и;

Патентен затворач (ЗИП)

Швеѓанецот Гидеон Сундбак (Gideon Sundbäck) го променил начинот на кој луѓето се облекуваат-унапредувајќи нов начин на затворање на пантолони наречен патентен затворач (кај нас познат и како „цифершлус“, „рајсфершлус“ или „зип“).

Првиот патентен затворач го осмислил Виткомб Јудсон (Whitcomb Judson), но бил прилично незгоден за употреба. Но Сундбак вметнал многу повеќе запци, па настанал онаков затворач каков што Ролинг Стонсите (Rolling Stones) ставија на обвивката на албумот „Sticky Fingers“.

Помеѓу Сундбак и Јудсон поради тоа немало несогласувања. Се останало во семејството, зашто Сундбак се оженил со Јудсонова ќерка. Подоцна ја формираа фирмата BF Goodrich во 1923. година, а јапонската фирма YKK го освоила пазарот произведеувајќи во 1934. година илјадници патентни затворачи на ден.

Патентниот затворач најнапред бил популарен кај децата, чии рачиња тешко се снаоѓале со копчињата, но во 1937. станал попопуларен начин на закопчување на пантолони;

Вистинска брава

Синот на браварот и изумител Линус Јел (Linus Yale), кој исто така се викал Линус Јел (Linus Yale), се обидел најнапред како цртач на портрети, а потоа тргнал по стапките на татко му.

Прочитај и за ... >>  Роботите сѐ повеќе на припомош

Ја презел фабриката на својот татко во Шелбурн Фалс и усовршил цилиндрична брава која ја изумил неговиот татко, а потоа ја патентирал.

Бравата користи мал клуч со назабени краишта која се отклучува ако е сместена во точна позиција. Линус Јел Јуниор (Linus Yale Jr.) долго не уживал во слава и пари: умрел од срцев удар на деловен пат не многу време откако неговиот производ почнал да се произведува масовно. Големи пари заработил неговиот деловен партнер Хенри (Henry Towne), а оваа брава се уште е најпопуларен сигурносен уред во домаќинствата;

Компјутерско глувче

Својот патент од 1970. Даглас Енгелбарт (Douglas Engelbart) го опишал како „индикатор на X-Y позиција за екрански системи“. Повеќе од 40 години подоцна овој изум на сите им е познат како- глувче.

На почетокот глувчето имало дрвена школка со две метални тркалца, а успеал да го трансформира компјутерот-од специјализирани машини, со кои знаат да управуваат единствено луѓе во бели мантили, во неопходен дневен алат за секого. На тастатурата постојат повеќе стотици начини нешто да тргне во погрешна насока, а со глувчето е се многу поедноставо.

За својог изум Енгелбарт ја добил Lemelson-MIT наградата вредна 500.000 долари. Тоа е најголем износ доделен за некој изум;

Магнетрон

Како есенцијален дел на микробрановите печки, магнетронот во многу го забрза процесот на готвење. Креатор на високоенергетските бранови за само неколку минути ќе претвори евтино готово јадење во вкусен оброк.

Прочитај и за ... >>  И се брои времето на книгата

Физичарот Роберт Н. Хал (Robert N. Hall) работел во General Electric во Њујорк. Магнетронот е оригинално изумен во текот на Втората светска војна за да ги надмудри непријателските радари во 1945. Уредот на Хал му послужил во слободно време да направи пуканки, а останатото е историја.

Освен тоа, Хал ја унапредил техниката на ласерско читање на компактни дискови и така и дал поттик на дискографската индустрија во втората половина на 80-тите;

Машина за миење садови

Миењето на садови без машина денес е ноќна мора на секоја домаќинка, а прва жена на која и се смачило од рачно миење на садови- била богата и живеела кон крајот на 19. век.

По забавата која Жозефин Кохран (Josephine Cochran) ја организирала во 1886. слугите морале да измијат куп садови, при што некои парчиња од омилените порцелански садови на Жозефин-се искршиле. Жозефин решила да го отстрани несигурниот човечки фактор, па со пријател инеженер почнала да разработува идеја за машина која би миела садови.

Откако изумот е направен, производот им го понудила на хотели и ресторани во 1893., но одзивот не бил особено голем, па не доживеала масовна афирмација на својот изум. Умрела во 1913., а првите машини за миење на садови почнаа да се употребуваат дури во 50-тите години на 20. век.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here