Потребно време за читање: 2 минути

Идејата е многузначен поим од грчката филозофија кој означува и некоја субјективна мисловна содржина (поим, замисла, претстава) и објективен аспект на некоја појава (облик, суштина, модел). Зборот изворно означува начин и облик во кој ни се прикажуваат стварите и појавите.

Меѓутоа, веќе кај Демокрит идејата добива и специфично филозофско одредување, како ознака за интимната структура на поединечната ствар (atomos idea) што го увидува умот, наспроти лажливите сведоштва што ги пружаат сетилата.

Значењето на поимот идеја на крајот го зацврстува Платон: идејата е она битното и непроменливото во некоја ствар, а тоа може да биде само она што е објект на самото мислење. Оттаму Платон ја развива и својата идеалистичка филозофија како наука за нематеријалната суштина, што се крие зад сѐ појавно.

Светот на идеите ја обезбедува вистинската реалност на материјалниот свет кој, подложен на постојано менување, не може да биде друго освен привиден. Во таа смисла и сите подоцнежни филозофски идеализми го хипостазираат поимот на идејата: Аристотел со поимот облик, кој е од претежно синонимно значење и потекло, го означува интелигибилниот елемент на светот на предметноста (форма); во сколастиката идејата се замислува како идеја на единството која е суштина на самиот божји ум, што наедно го одредува плуралитетот на идеите во светот (Тома Аквински); рационалистичката гносеологија (Декарт) повторно го враќа поимот на идејата на човекот (субјектот), во кој таа „е поим на умот, обликувана според умот, промислена ствар“ (Спиноза). Во доктрината на Хегеловата онтологија, според која умното е прогласено за стварносно, а стварносното за умно, идејата поприма објективно-историски вид; таа е основа на целокупниот процес во кој се креира стварноста (идеализам). Во материјалистичките концепции идејата е сфатена во прв ред како производ на човечкото мислење, што во крајна линија ја сведува на одразот на нему примарната стварност (Холбах, Дидро, Фоербах).

Прочитај и за ... >>  Секој збор-судбина! Со знаци, звуци и воздиви.

Бегање на идејата (на латински fuga idearum) е болно забрзување на нормалниот тек на претставите и мислите, обично проследено со порој од зборови и претерана моторика. Се јавува како симптом на некои ментални пореметувања, особено кај манијата, парализата и неврастенијата, а и како последица на преинтензивно доживување, на силни возбудувања, крајна исцрпеност или под влијание на алкохол. Во потешките случаи мислата го губи логичкиот континуитет, а вербалното изразување е растргнато, во форма на стереотипни фрази, според надворешните сличности (хомонимика, рима и сл.) или врз основа на едноставни асоцијации според врремето и просторот.

Фиксна идеја (од латинскииот fixus= цврст, зацврстен) е претстава или мисла која во свеста на поединецот се јавува и обновува принудно, против неговата волја („принудна претстава“), пореметувајќи го нормалниот тек на психичкиот живот. Фиксните идеи редовно се следени со чувствата на непријатност и тегобност („душевна мора“, опсесија), оти субјектот ги доживува како напад на сопствените навики не предочување, мислење, емоционално реагирање и практични ориентации. Како еден од главните психопатски симптоми, фиксните идеи се јавуваат кај тн. опсесивни психонеурози и фобии; во нормалните поединци тие се обично врзани за состојбите на премореност, нервна исцрпеност и долга самотија (на пример во затвор).

Прочитај и за ... >>  Од класици до класицизам

Идејност значи усогласеност на теоретско, уметничко или практично дејствување со одредени идеји и сфаќања. Спротивно: безидејност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here