Потребно време за читање: < 1 минута

58. За Македонска книжевна академија

Да се разбереме!

1. Моето силно залагање за формирање МАКЕДОНСКА КНИЖЕВНА АКАДЕМИЈА (МКА) нема апсолутно ништо лично.

Едноставно, јас и да сакам не би можел да бидам нејзин член. Затоа што не сум признаен книжевник, а моето книжевно творештво не е дел од современото македонско-маргинализирано е, омаловажено, премолчено, дури збришано во книжевни „системи“ и „контексти“;

2. Кога станува збор за МАНУ, таа од поодамна е речиси „чиста“ највисока научна институција (како што е на пример бугарската БАН). Особено во однос на бројот на живи академици-писатели. Тие можат да се избројат со прстите на едната рака!

3. Поразителен е податокот дека од тн. четврта македонска книжевна генерација, на која јас и припаѓам САМО според возраста (книжевници родени во 50-тите години на минатиот век, значи веќе во осма деценија живот!), има САМО ЕДЕН АКАДЕМИК!

4. Што се однесува на формирањето МАКЕДОНСКА КНИЖЕВНА АКАДЕМИЈА, се разбира дека не сум голем оптимист оти тоа ќе се случи, особено не скоро. Не верувам додека сум жив.

Прочитај и за ... >>  ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, 36