62. Критериум
Најопшто за критериумот:
Станува збор за стандардно достигнување, правило на однесување, проценка на успешност или нормалност; стандард за лично промислување, проценување, оценување, одлучување, важност; често се изедначува со константа, а е сличен со мерило (обележје според кое се оценува или се изразува став за нешто).
Критериумот е „жива материја“, што значи дека тој постојано се подобрува, изострува, надградува.
Личниот критериум најмногу звиси од иоскуството, знаењето и убедувањето.
Во животот и творештвото доминантни се научниот и естетскиот критериум.
Прашања за лично промислување:
1. Се восприма ли нешто (дело, дејствие, процес) без криртериум?
2. Кога еден критериум е надминат од друг?
3. Дали критериумот подлежи на вреднување?
4. Што е со делото, дејствието и процесот кои не можат да се подведат под утврдени критериуми?
5. Критериумот се прилагодува на нужноста, потребата, предусловите и условите?
6. Може ли личниот критериум да се наметне како општ, а неговото исполнување задолжително и доволно?
7. Каква е врската меѓу критериумот и авторитетноста?
8. Признавањето и наградувањето според затврдени, познати и признати критериуми:
Колку притоа се препознаваат, признаваат и наградуваат автентичноста, односно оригиналноста, своеобразноста?
9. Неретко клучна релација: критериум-споредливост-наспоредност.