ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, 9

Потребно време за читање: 2 минути

9.

1. Зошто е навредлив терминот „малцинство“, па во Уставот на Северџганија (сѐ уште важечки) е заменет со „дел од народ“ како еуфемизам што не е тоа?

Тој суштински значи само едно и ништо друго: помала група, најмногу се однесува на етничка, наспроти мнозинство.

Или:

Малцинство е демографска група во една земја (етничка или национална) која се разликува од поголемиот број на граѓани во неа според лични или општествени карактеристики, а која не е асимилирана во поголема-мнозинска. Тоа се најчесто јазикот, етничката заднина или религијата, а понегде се истакнуваат и морални ставови, полов идентитет или општествен статус.

Во сите меѓународни важечки односно обврзувачки документи-закони за човековите права, станува збор за малцинство и нема други „заменливи“ термини, ниту „еуфемизми“. Посочувам пред сѐ на Повелбата на ООН за човекови права од 1945. година, на Декларацијата за правата на лица кои припаѓаат на национални или етнички, религиозни и лингвистички малцинства на Генералното собрание на ОН од 1992. година, како и Рамковната конвенцијата за заштита на националните малцинства на Советот на Европа од 1994. година.

Прочитај и за ... >>  ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, белешки, 63

Во поранешна СФРЈ се користеше терминот „народност“, со „малку поинакво“ значење: припадност кон еден народ, слично со националност. Се однесуваше на дел од народ во една држава кој има своја матична држава.

Истакнувањето на некаква „навредливост“ е тенденциозно и во него невешто се крие барање на друг статус-народ, односно уривање на унитарноста на една држава.

2. Зошто е „навредлива“ формулацијата „јазикот кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо“, па се бара таа да се избрише и наместо неа да стои „албански јазик“?

Да потсетам/ подвлечам дека таа формулација не се однесува само на албанскиот јазик во Македонија, туку НА СИТЕ во Скопје и општините во државата во кои има најмалку 20 проценти од граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот. (Закон за употреба на јазиците).

Го споделувам ставот на бројни аналитичари и експерти дека ова барање (како и едно поранешно барање за формирање на асоцијација на албански општини) всушност значи поништување на Рамковниот договор.